fbpx
21.8 C
Skopje

Лејди Гага: Хомосексуалците ме направија жена

АКТУЕЛНО

Лејди Гага изјави дека геј мажите во нејзиниот живот ѝ помогнале во „да се претвори во жена“, пишува денешното издание „Контакт мјузик“. 30-годишната пејачка е познат сојузник на Организацијата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица (ЛГБТ).

„Јас секогаш сум била опкружена од исклучително интелигентни и силни хомосексуални мажи кои ме водеа низ многу промени во мојот живот. Да станеш познат е многу чудно и страшно. Тие ми помогнаа да преживеам“, изјави таа.

Откако се раздели со свршеникот Тејлор Кини минатото лето, во моментов пејачката излегува со 30-годишниот агент Кристијан Кери, кој работи исто со Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Кристина Агилера, Амбер Херд, Мајли Сајрус и Симон Коен.

Двајцата често се забележувани заедно од јануари. Скандалозната русокоска вели дека покрај својата нова врска станала доста нервозна и би се почувствувала ужасно ако разбере дека Тејлор излегува со друга. Таа сподели уште дека добива многу љубов и поддршка од нејзиното момче.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -