fbpx
6.8 C
Skopje

Лепа Брена со солзи во очите се отвори пред камерите: „Не знам како ќе го дочекам март“

АКТУЕЛНО

Пејачката не крие дека е многу емотивна кога станува збор за приновата што наскоро ќе пристигне во домот на Живојиновиќ, земајќи предвид дека Александра Пријовиќ и нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ очекуваат бебе.

Сопственичката на „Гранд“ истакнува дека сите во семејството се радуваат на приновата и нагласува дека на младата двојка ќе им омага да го одгледаат детето.

На прашањето на новинарите упатено до популарната пејачка Лепа Брена – кој повеќе се сменил откога дознале дека ќе станат родители: Александра или Филип, пејачката одговори дека Филип е многу поразумен.

-Филип отсекогаш беше многу разумен и сериозен, а има и доста години. Прв дозна Боба, кој ни се јави на сите и плачевме од среќа. Еве, и сега кога зборувам за тоа ми навираат солзи во очите.

Тоа е некоја неконтролирана емоција, јас не знам како ќе го дочекам тој март кога Александра треба да се породи. Тоа е најубавата вест што можевме да ја примиме во овие години, бидејќи сметам дека е логично да добиеме внучиња – изјави Лепа Брена.

Една оа најголемите екс –Ју ѕвезди порачува дека нема да биде баба на синот кој ќе го добијат Александра и Филип Живојиновиќ. Пејачката објасни дека така се нарекуваат жените кои се стари, а дека таа и нејзиниот сопруг Боба не се тоа.

-Среќна сум шти јас и Боба ќе го добиеме првото внуче. Тоа ќе биде голема радост во семејството зошто сакаме деца, а посебно мали бебиња. Ние нема да бидеме баба и дедо, јас не го сакам тој пожртвуван однос кон жените. Постојат жени кои се баби бидејќи така изгледаат. Секогаш ќе помагам на нашите деца за се што треба.

Во неколку наврати се пишуваше дека Брена не е во добри односи со Александра, на што таа вели:

-Таа како девојче учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“. Во нашата куќа доаѓаше многу пред да почне да се забавува со Филип. Дури ја носев со мене на настапи, имавме неверојатно добар однос. Подоцна подобро се запознавме и многу сме приврзани. Посебно ми е драга, бидејќи имам разбирање за некој што има 22 години. Секогаш ќе има голема поддршка од мене, професионално и приватно, истакнува Лепа Брена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -