fbpx
20.8 C
Skopje

„Леви“ и „Десни“ парадери

АКТУЕЛНО

Пишува: Атанас Величков

Се потресоа порцеланските левичари, од една парадерска фотка. Уранија од Хелзиншки комитет прва им забележа на „комитите“ од Бутел. Пак се врти старата приказна за кољачот Ќосето. За Гоце колел Ќосето бе другари, зар ни су вам рекли!!! За Гоце колел, за „духовниот“ татко на Здравко од Левица… Колел за „социјалдемократот“ Гоце, кој според властите во Белград е „бугарски бандит“ исто како Тодор и Ванчо. Немојте да се плашите дека некој ќе ви дојде со нож. Тие се толку комити колку што сте вие левичари. На уста. Кремови и шмизли што прочитале две три книги за Че и си напраиле филм, колку е јака левата идеологија. Колку е посрано да веруваш во Господ, бидејќи религијата само ги дели народите. Сега малце театарски сите се потресоа за фотката со Ќосето, никој не застана вака ватрено да му дае до знаење на Ахмети дека не смее да се курчи заедно со неговата пудлица Артан. Зашто драги левичари од порцелан, не побаравте „бомби“ и за функционерите на ДУИ? Знаевте дека ќе дојде до преговори Заев-Ахмети и затоа не сакавте да го љутите командантот, кој вашиот гуру Геро додека преговараше со Груевски, го претставуваше како терорист (карикатура објавена во „Слободен печат“). Каков е сега Ахмети за вас? Ете за Ќосето се изјаснивте, уште чекам да да видам дали имате образ да го дефинирате Ахмети. Вашата проѕирност е повеќе од навредлива. Се работи за промена на местата. Ви се цица и вам од државната цицка, бидејќи колку и да е моќен Сорос, не може да ве згрижи сите. На големо сакате да играте, тендерчиња со пријателчињата што во 2001 како „борци за права“ ги спушти Белград (вашиот центар на светот). Инаку и тие и вие сте назначени „борци за права и слободи“. Борците за слобода и плурализам не мафтаат со ликот на масовен убиец. Борците за слобода и плурализам не чепкаат во правата на луѓето, исмејувајќи ги некои конзервативни и традиционални вредности, како одењето во Црква и честитањето на верските празници. Борците за слобода и плурализам не се борат едно едноумие да го заменат со друго. Како што реков погоре, вие сте толку борци за нешто позитивно, колку што се и комити овие парадерите со постерот. Две разнобојни багри со исти цели и идеали (финансиски интерес), ама се плукаат, чадојни се креваат. Ај оладете малце, и за Златна малинка не ви е глумата.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -