fbpx
12 C
Skopje

Левица: Потребна ни е социјална платформа!

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

„Во овој период на формирање влада по изборите, сведоци сме, по кој знае кој пат, како некои политичари, за ситни партиски пресметки, си земаат за право да го потпалуваат национализмот и да го делат народот по етничка основа. Со дебели сметки во банките, ним им се туѓи проблемите на обичниот човек кој се мачи да сврзе крај со крај, кој е принуден се’ повеќе да штеди на најосновни потреби и кој се’ повеќе преживува наместо да живее. Национализмот отсекогаш се користел за одвлекување на вниманието на обичниот човек од реалните проблеми со кои тој се соочува секојдневно, за да може непречено да се злоупотребува власта за тесни лични интереси. Нашиот народ, без разлика на етничката припадност, знаел и знае да живее заедно, да му помага на пријателот во неволја, да биде тука и во зло и во добро.

Крајно време е политичарите да престанат да го трујат народот со национализам! Ако навистина сакаат да работат за доброто на граѓаните кои гласале за нив на изборите, нека ја посветат својата енергија на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, а не да го замајуваат со евтини националистички финти. Ако некој нема леб да јаде, што му вреди дали може да зборува на овој или оној јазик, во оваа или онаа прилика? Што му вреди тоа, ако нема кој да го слушне? А политичкиот естаблишмент во Македонија е глув за реалните проблеми на граѓаните!

Спротивставувајќи се на делењето на народот по етничка основа и на националистичките албански и македонски платформи, Левица, во име на обичниот народ на Македонија, бара условите за формирање на следната влада да бидат:

1. Итно издвојување на значителни буџетски средства за решавање на најгорливиот проблем во Македонија – осиромашувањето на нејзиното население! Доста беше крадење и игнорирање на маките на народот!

2. Итно втемелување на демократијата во Македонија! И по четврт век независност, ние не успеавме да изградиме демократски институции кои ќе ја гарантираат праведноста и ќе работат посветено во интерес на обичниот човек!

3. Итно преземање мерки за решавањето на проблемот со загадувањето на животната средина! Македонија се претвора во една од најзагадените земји во Европа, нејзиниот народ се труе секојдневно – без разлика на етничка припадност!

4. Работење на санирање на штетите што настанаа од потпалувањето на национализмот во македонското општество. Не ни требаат поделби, омраза, дискриминации по било која основа, туку потребно ни е да се фокусираме на решавањето на реалните проблеми за сите да живееме подобро.

Не ни треба албанска платформа! Не ни треба ниту македонска платформа! Потребна ни е СОЦИЈАЛНА ПЛАТФОРМА, платформа во корист на обичниот човек во Македонија! Ги повикуваме сите политички партии, ако навистина му мислат добро на овој народ, да застанат зад оваа платформа, единствената платформа во интерес на народот“, се вели во соопштението на Левица.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор Лазаров: Џабе ми е семејството под константен ризик година дена, мојот живот, секој ден, џабе

Бројките на заразени со корона вирус во последните неколку дена почнаа повторно да се зголемуваат. Матичниот доктор Ненад Лазаров кој е активен на социјалните мрежи...

Ковачев: Пред да го распнете на крст, слушнете ја мудроста на Љубчо Георгиевски

Честитки за храброста на Љубчо Георгиевски. Тој веќе е брутално нападнат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, што за жал покажува колку е отровно...

Георгиевски: Еве ви кукавици отворена понуда за дуел

Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата....

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...
- Advertisement -