Ли Кечијанг е избран повторно на функцијата премиер на Кина, на која ќе биде уште еден петгодишен мандат.

Националниот народен конгрес гласаше за повторен избор на Ли со 2.964 гласови додека само два гласа беа против таа одлука.

Гласањето за премиер беше одржано ден откако лидерот на Комунистичката партија  и претседател на Кина Си Џинпинг повторно беше избран за претседател на државата и тоа без ограничување на бројот на мандати.