Лила Филиповска повторно со нова провокативна фотографија. Поточно, таа ја воодушеви со најновата серија фотографии на кои водителката е седната гола во запенета када, само со пешкир завиткан околу главата и очила на себе, пренесува порталот vistina.com.mk.
И ништо ново или необично кога е Лила во прашање. Сме ја виделе и друг пат во вакви изданија. А, како што е општо познато, недела – ден за капење, а Лила без добра причина во када би влегла единствено од хигиенски причини, ама пред фотобјективот? Мора да има нешто повеќе од хигиена! И има – во погледот!
И тука лавината од коментари тргна. Додека едни нагаѓаат, други и забележуваат: „Совршена би била фотографијата и без очила и без шминка, со мокра коса“ или: „Бања и очила… многу некако, а“?
Многу или малку, Лила си го тера својот филм во кој има и такви кои би сакале да влезат. Или поточно, да и влезат во бањата додека се капе и фотографира. Дали за да проверат каква е водата, дали е доволно топла за омилената водителка да не им настине или можеби за да и го истријат грбот?
„Лила срце, можи да дојдам кај тебе“ – прашува запалениот обожавател, по говорот од битолско ќе да е, ама Лила мудро си премолче и не му одговори ништо.
Целиот текст можете да го прочитате на vistina.com.mk ОВДЕ