19 C
Skopje

Лицемерие на ниво

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Политичката реалност во Македонија никако да се промени. Многу ветувања, малку остварувања.

Изборите во Македонија се единствениот период кога политичарите во Македонија почнуваат активно и ефективно да работат на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Тоа е време кога оние кои ја добиле довербата од народот се трудат не само на збор, туку и на дело да покажат дека се грижат за граѓаните, за нивните секојдневни проблеми, за она што го мачи народот кој зад параванот им го дава гласот со цел да придонесат за реформи, економска благосостојба, подобро здравство и образование, развиена инфраструктура и вистинска европска иднина.

Европската иднина кај нас се сведува на ветувања, кои никако да се преточат во реалност. Реалноста е сурова и очајна. Се се сведува на зборот „Ќе“.

„Ќе направиме ова, ќе направиме она“ итн итн.. СДСМ е бледа сенка на ВМРО-ДПМНЕ. Она што го започна ВМРО, го продолжи СДСМ. Во секој предизборен процес слушаме како минималната плата се покачува, како пензиите се покачуваат, како се најавуваат реконструкции во студентските домови, како се преземаат таканаречни реформи во образованието, како се преземаат мерки за подобрување на здравството, како машините работат деноноќно на патишта, закрпување на дупки на локални патишта, како се се прави само за доброто на граѓаните.

Кога го гледаме сето ова човек си размислува дали навистина живее во Македонија и дали овие власти се наши или пак станува збор за некоја развиена и модерна држава во која властите навистина се грижат за својот народ и држава.

Го слушаме младиот господин Јаулески како зборува дека авионите и автобусите се полнеле и ја напуштале Македонија. Тоа е многу точно, но никако да слушнеме од младиот Јаулески дека неговите другари од претходната владејачка гарнитура на кои денес устите им се полни за тој масовен егзодус, во минатото не работеа активно за да го спречат.

Од друга страна, неговиот колега Дарко Каевски пак заборави на хорор сцените од студентските домови, заборави на студените радијатори и храна, заборави на мизерните услови во студентските домови и еве веќе трета година ветувањата ги продолжува во стилот на зборот „Ќе“. Го нема ни зборот С од студентски град, го нема ни зборот Р од реконструкција во студентскиот дом. Веројатно за да почне таа реконструкција и изградба на студентски град, ќе треба да им дадеме на овие од СДСМ уште 7 години за да го заокружат и тие 10 годишното владеење, со цел да се остварат сите овие нивни ветувања.

Ова се вика драги мои лицемерие на ниво. Кога се во опозиција се загрижени, се трудат да дојдат во ваша прегратка за да ви го удрат грбот во знак на поддршка, а потоа кога ќе дојдат на власт ве забораваат и наместо во прегратка, ве тапкаат по рамо!

Пишува: Симеончо М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...

Сулејман Величествениот сака да ја купи луксузната вила на пејачот Бојановиќ – дoбил вакoв одговор (Фото)

Вилата на Милош Бојаниќ на Црногорското приморје секогаш била атрактивна за многу домашни но и странски купувачи кои на пејачот му нуделе милиони. Од...
- Advertisement -