fbpx
18.7 C
Skopje

Локални избори во ОКТОМВРИ: Еве кои се потенцијалните кандидати..

АКТУЕЛНО

Почна трката за градоначалници, откако Талат Џафери ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври.

За град Скопје ВМРО-ДПМНЕ извесно е дека повторно ќе го кандидира актуелниот градоначалник Коце Трајановски.

Во јавноста се шпекулира дека СДСМ во битката со Трајановски размислува да ги кандидира Дамјан Манчевски или Петре Шилегов.

Големо внимание предизвикува трката за градоначалник на скопската општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека ќе бара втор мандат, а доколку не ја добие подршката на социјалдемократите можно е да се истрча како независен кандидат со своја листа на советници.

Извори од ВМРО ДПМНЕ шпекулираат дека е можно партијата да истрча со Сашо Стефановски, поранешен директор на Фондот за здравство, иако неговото име се споменува и како кандидат за градоначалник на Охрид. Во Карпош, засега во СДСМ се споменува името на Душко Весковски, кој најверојатно би се судрил со Стевчо Јакимовски, за кого според информациите би застанал опозициската ВМРО ДПМНЕ.

За општина Карпош, амбиции се чини пројавува и Анте Поповски, но од партијата негираат дека Поповски е можен кандидат, уште повеќе што изминативе 5 години бил пасивизиран со активности во партијата. Интересно, се очекува да биде и во скопските општини Аеродром, и Ѓорче Петров.

Во Општина Ѓорче Петров, ВМРО ДПМНЕ со Сокол Митревски на последните избори речиси едвај го победија Александар Наумовски од СДСМ. Сега како најсериозен кандидат на СДСМ се споменува името на Снежана Анѓелковска Трајковска.

Иако на социјалните мрежи Александар Наумовски пројави амбиции за градоначалник, сепак тој од завчера е поставен за директор во затворот Шутка. Ивица Коневски, актуелниот градоначалник на Аеродром се чини веќе ја има започнато кампањата, судејќи по засилените маркетинг активности. Кај СДСМ, засега како кандидат за Аеродром, се шпекулира со името на Златко Марин, но и на сегашниот министер Зоран Шапуриќ од ЛДП. И Кисела Вода е значајна за партиите, во јавноста веќе почна да се лицитира со имиња. Наводно ВМРО ДПМНЕ е можно да го кандидира Јохан Тарчуловски, а СДСМ Филип Темелковски и Елена Костова која не беше поставена за директорка во Геринтологија.

Големи битки за градоначалничката фотелја ќе се водат и во Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Струмица. Во Битола, засега се споменува името на лидерот на ЛДП Горан Милевски. Во Штип, најсериозен кандидат на СДСМ е пратеникот Благој Бочварски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -