Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот со Бугарија. Георгиевски смета дека Албанците максимално коректно се однесуваат кон процесот, и дека министерот Османи коректно ја врши работата.




„Албанците коректно се држат во овој процес, и Бујар Османи перфектно ја води работата, иако го напаѓаат одредени медиуми. ДУИ се однесува максимално коректно кон овој процес“, рече Георгиевски.
Тој напомена една друга работа, уште еден парадокс на ветото на Бугарија.
„Кога ќе мерат нашиот источен сосед дали ќе ставаат вето, мислам дека досега превидоа една работа, ако мислат дека нивната кавга е против Македонците, како да заборавија дека во оваа Македонија има 50% други националности, вклучувајќи и Бугари.
И тоа ќе значи дека ветото е одземање на перспективата не само на Македонците, туку и на етничките заедници, и затоа треба да ја преиспитаат одлуката“, смета Георгиевски.




За Љубчо Георгиевски е револуција тоа што премиерот Заев и претседателот Пендаровски се подготвени да кажат дека Гоце Делчев е заеднички јунак. Георгиевски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека тој е шестата личност што е договорена меѓу двете земји да се чевствува како заеднички личности од историјата.
„Таа позиција бугарска во 1944 година е многу горка за Македонците, и ако се инсистира понатаму, ќе дојдеме до проблем. Подговени сме да прифатиме некои работи особно сега кога сме во криза, иако до скоро не бевме спремни да прифатиме ништо.
Според она што можам да го видам од медиумите и според некои разговори, се имаат договорено пет личности, да бидат заеднички, и тоа е револуција.
И не само тоа, и Заев и Пендаровски на 2-3 се подготвени да дадат изјава или декларација дека и Гоце Делчев е заеднички јунак. А, тоа, пак, каква револуција е… Ако Бугарија не сфаќа каква е промената на Македонија, или немаат информации, или едноставно немаат доволно чувство што се случува во Македонија“, рече Георгиевски.