fbpx
5 C
Skopje

Љубчо Георгиевски кажува на кој јазик пишувал Гоце Делчев

АКТУЕЛНО

„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја. Во македонската историја се вели дека се учители, а не дека се учители на бугарската егзархија“, рече Љубчо Георгиевски во емисијата „24 Отворено““.

Георгиевски додаде дека Кузман Шапкарев е основач и прв директор на бугарската машка гимназија во Солун.

„Ние имаме фактографски податоци за многу важни личности кои едноставно ги криеме, не ги кажуваме“, истакна Георгиевски.

Георгиевски посочи дека Бугарија треба да избере 15-тина личности кои ќе си ги слави.

„Најпростиот комита пишува на официјален бугарски јазик. Најпростиот комита што знае да пишува, пишува на бугарски, не на македонски“, рече Георгиевски.

Според Георгиевски сите документи на ВМРО не се пишувале на македонско наречје туку на бугарски јазик. Гоце Делчев никогаш не пишувал на македонски јазик.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -