fbpx
-2 C
Skopje

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран Заев го даде за бугарската агенција БГНЕС.

Во текот на интервјуто Љубчо Георгиевски помалку налутено и изненадено, рече дека ќе почне да ги објавува со име и презиме сите функционерите на ВМРО кои сега плукаат по ставовите на Зоран Заев, што тие во минатото изјавувале за Бугарија и тоа го правеле во негово присуство

Георгиевски, како што самиот признава во интервјуто, е изненаден од ставовите на некои функционери на ВМРО ДПМНЕ и од нивната дволичност, бидејќи тие, во негово присуство ги истакнувале нивните симпатии кон Бугарија, нивни семејни врски или потекло, како и заедничката историја со Бугарија.

Јас ќе ве потсетам на поранешниот министер за надворешни работи од ВМРО ДПМНЕ, кој својата кариера ја изгради со помош на Доста Димовска и кој во ниту една прилика не пропушташе да ги спомене своите чувства кон Бугарија. Сега тој зборува против Бугарија, рече Георгиевски.

Јас сум запрепастен од поранешната сопруга на еден претседател на ВМРО Народна партија, која најмалку четири пати во мое присуство зборувала за заедничката историја меѓу Бугарија и Македонија. Сега гледам го напаѓa Заев и не ми се верува, вели Љубчо Георгиевски.

Инаку, претседатели на ВМРО НП, освен Љубчо Георгиевски, беа Весна Јаневска, Ѓорѓи Трендафилов и Марјан Додовски.

Мојот пријател од Охрид, кого сега го ставија за некаков функционер во ветараните на ВМРО ДПМНЕ, триесет години зборуваше во суперлативи за Бугарија. Сега говори нешто друго.

Поранешна министерка во вмровската влада, која беше оценета како бугарофилка во наше време, сега зборува против Бугарија.

Не ми се верува, јас сум изненаден како можат да бидат луѓето вака дволични. Сега само малку загатнав, но во иднина ќе почнам со име и презиме да ги кажувам овие луѓе, рече Љубчо Георгиевски во интервју за ТВ 24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -