fbpx
20.8 C
Skopje

Љубчо Георгиевски: Нема друго решение за политичката криза освен Широка Влада

АКТУЕЛНО

Поранешниот премиер, а денешен лидер на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски во изјава за „Дојче Веле“, коментирајќи ја актуелната политичка криза, смета дека широка коалиција е реално решение за политичката криза во овој момент.

„Да потсетам, јас и пред изборите потенцирав дека тие нема ништо да решат, имајќи го предвид расположението на гласачите. Независно дали ДУИ ќе влезе во влада со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, јасно е дека една голема партија ќе остане во опозиција, а тоа значи натамошни поделби и години на блокирање., смета Георгиевски.

Георгиевски додава дека изјавата на комесарот Хан е дадена со добра намера, согледувајќи дека кризата може да продолжи.

„Изјавата на комесарот Хан е прифатлива, а реално – и нема друго решение. Ако сакаме да се одлепиме од оваа состојба, таа голема коалиција треба да има јасна агенда што ќе работи. Идејата е добра, а дали ќе се согласат партиите – тоа е друга работа“, вели Георгиевски во изјавата за „Дојче Веле“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -