fbpx
0 C
Skopje

Љубчо Георгиевски распали по Бугарија: Драги наши “скапи” соседи, покажувате тотално непознавање на Македонската историја

АКТУЕЛНО

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Приближно три децении се обидувам во Македонија да внесам дух на нов приод спрема бугарската политика, но и да иницирам ново читање на македонската историја за нашите релации со бугарскиот народ. Во овие дваесет и осум години моите критики најчесто биле насочени кон македонските митологии, лаги или историски фатаморгани. Во таа смисла, можам да се повикам на мојот личен придонес кај одреден дел од македонските граѓани да се смени свеста да почнат без предрасуди и предубедувања да ги гледаат нашите бугарски соседи.

Затоа, сега си земам за право да извршам една сериозна критика на дејствителната бугарска политика спрема Република Македонија. Имено, сведок сум на спроведување на една наполно непринципиелна политика, пласирана во последно време од нашите пријатели од источната страна. За парадоксот да биде поголем, тоа се случува кога за премиер на Република Македонија доаѓа еден прагматичен политичар, човек кој што со леснотија го потпиша договорот за пријателство со Република Бугарија, кој што постојано дава благонаклонети изјави, дека сака да биде пријател со Бугарија, правејќи огромни храбри чекори во таа насока; и покрај тоа што внатре во сопствената партија има голем отпор за ваквата негова политика; и покрај тоа што има огромна опозиција во името на силната ВМРО-ДПМНЕ, која што не престанува да го повикува за „склучениот штетен договор со Бугарија“; и покрај тоа што е изложен на критика за потпишаниот договор од историчари, новинари и разни независни интелектуалци.

Настани како на филмска лента

А да не заборавиме дека македонските социјалдемократи го етаблираа антибугаризмот во Македонија. И токму така, во моментот кога во нашиот западен сосед го имате најдобриот премиер кој има разбирање и иницијатива работите со Бугарија да се унапредуваат, сведоци сме на една крајна ароганција, дрскост, демонстрирање на тотално непознавање на внатрешните состојби во Македонија и на длабоко поткопување на позициите на својот пријател.

Настаните се движат, небаре на филмска лента. Најпрвин, се измисли проблемот со името Северна Македонија. Тоа било име кое ги загрозувало бугарските национални интереси?! Да не заборавиме дека името Северна, Македонците не го ставаат со восторг, туку доаѓа по три децении тешки преговори со Грците. А, кога станува нужно да го менуваме името на државата, потребно е да се зачува бар одредено достоинство, аналогно на слични применети примери во меѓународната политика. Се согласувам дека некакви крајни националисти можат да го злоупотребат префиксот „Северна“ во иредeнтистички цели, но истиот третман може да го добие и името Горна или Вардарска Македонија, а најмногу ако воопшто не се промени, ами си остане Република Македонија.

Впрочем, дека е така најубедливо ми потврдуваат ставовите на самите Грци, кои што во името Република Македонија го гледаат најголемиот иредентизам. Да не заборавиме дека Република Бугарија прва го призна името Македонија на нашата држава, но да не ги заобиколиме и бугарските политичари кои што три децении молчат за грчкото монополизирање на истото име. Со каква ли леснотија бугарската политика допушти да се зацврсти монополот врз името Македонија во интерес на грчката кауза. Зар во 19-ти и почеток на 20-ти век Бугарија не се бореше со Грција за приматот на наследството на името Македонија?!

Нечуена грубост

Потоа се појави проблемот со Македонската православна црква. Жал ми е што кај нашиот источен сосед мнозинството не разбра колку храбар чин направи Македонската православна црква, иницирајќи Бугарската православна црква да ја признае за мајка црква. Таа идеја доби поддржувачи, но се појавија и многу цинични и саркастични анализи. Коментарите кои што ги проследив „нека се распушти како црква и да се претопи во БПЦ“ само сведочат колку малку се познаваат состојбите во Македонија.

Потоа се случи еден несимпатичен чин при посетата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов (чиј што перманентен критичар сум веќе десет години). И покрај тоа што беше пристигнат на покана на Република Бугарија, наиде на грубо затворена врата во кабинетот на премиерот, со образложение за некакви внатрешни македонски состојби. За ваква грубост подолго време немам чуено во меѓународната дипломатија. Треба да се биде свесен дека тоа не е само личен чин спрема некаков политичар, туку и однос спрема институцијата претседател на соседна држава.

Понатаму, бевме сведоци на неколку изјави на мојот личен пријател Ангел Димитров, кој што со своите начелни позиции, исто така гарантира дека комисијата за заедничка историја бргу ќе пропадне, така што тешко ќе се случи зближување на нашите истории.

Измислени проблеми

А врвот го достигна изживувањето со премиерот Зоран Заев. На почетокот се замислив во што е неговата грешка?! Илинденското востание било македонско?! Потоа уследи, небаре координиран масакр од највисоките бугарски политичари и од голем број колумнисти и новинари. Значи ли тоа, скапи комшии, дека имаме нова забрана за употреба, овој пат на придавката македонски? Имаме ли нови проблеми кои што никогаш досега не постоеле, дури ни во бугарската историографија?

Сега кога почнуваме да зборуваме за суштинско приближување, некој измислува проблеми кои што не постоеле ни во најекстремните бугарски кругови. Зар допрва треба да се објаснуваме дека сѐ што се случило на територијата на Македонија може и се подразбира да се нарече македонско. Зар тракиските споменици на територијата на Бугарија не се бугарски?

Но, проблемот не е само во географската определба, тој содржи и суштинска димензија. Ако илинденското востание е дигнато од организација која се нарекува македонска, ако крајната цел е автономија на Македонија, зар не можеме да го наречеме македонско? Впрочем, ако Илинденското востание не беше македонско, зошто во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската комунистичка партија ја притисна Коминтерната да ја признае македонската нација што беше нивна политика скоро три децении. Ако Илинденското востание не беше македонско, денеска ќе постоеше ли воопшто самостојна и независна Македонија со целосна поткрепа на нејзините граѓани?

Во 1900-та година еден наш заеднички писател Војдан Чернодрински роден во Македонија, а живеел и починал во Софија ја напишал драмата „Македонска крвава свадба“. Во новото издание, како ќе биде посоодветно да го ставиме насловот, само „крвава свадба“ или „бугарска крвава свадба“. Истиот автор во 1904-та година има напишано и драма „Македонско востание“.

Придавката „македонски“ е неспорна

Забранувајќи ни ја придавката „македонски“, значи ли дека веќе ни охридското или тиквешкото востание нама да ги нарекуваме македонски? А што правиме со македонско-одринското ополчение? Што ќе правиме со единаесеттата македонска дивизија? Што ќе правиме со македонската имиграција во Америка, како што ја нарекуваа и Ванчо Михајлов, ама и Ѓорѓи Пирински? Како ќе го крстиме „македонскиот научен институт“ и неговиот весник „Македонски преглед“? Како ќе се справиме со „македонските братства“ што постоеле во секој град во Бугарија?

Скапи пријатели, во вашите дневни политички пресметки меѓу власта и опозицијата, непринципиелно ја изложивте Македонија. Отворете ги вашите сопствени историографии и ќе наидете на илјадници места дека описната придавка „македонски“ е употребувана. Конечно, пак ќе ве потсетам, во премиерот Заев имате прагматичен пријател. Немојте да дозволите толку лесно да ја изгубите неговата наклонетост, затоа што можеби во моментот е единствениот политичар подготвен да се извини за нешто што не згрешил. Ако тој падне, да се појави втор таков ќе чекате две-три децении!

И на крајот, оставете ги историските декларации на страна, ами погледнете дека на граничниот премин Делчево–Благоевград има постојан застој, а за викендите и празниците луѓето чекаат и по неколку часа. Бидејќи тесното грло е исклучително од вашата страна, одделете од буџетот 50 илјади евра да трасирате уште една лента, за да можат граѓаните непречено да патуваат и да комуницираат.

Текстот е објавен на бугарската агенција БГНЕС.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...
- Advertisement -