6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Љубчо Георгиевски со честитка по повод празникот Богојавление – Водици

На овој ден и ние го славиме Отецот, Кој одозгора говореше и Чиј глас се слушаше, Синот, Кој долу на земјата се крсти во Јордановите води, и Духот, Кој како гулаб слезе. Го славиме Едниот во Троица Бог, на Кого навек му се поклонуваме.

За спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода.

Да си подадеме рака на овој ден, да бидеме благочестиви христијани, да се сакаме и почитуваме. Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање, а радувајќи се на Христово крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и христијанската традиција на нашите предци и ја потврдуваме нашата верба во Бог.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!“

Честитка од Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски! 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -