fbpx
5 C
Skopje

„Љубовта е посилна од омразата“: Ги загубија трите деца во авионската несреќа во Украина, сега добија ќерка

АКТУЕЛНО

Родителите што ги изгубиле своите три деца во падот на малезискиот „боинг“ во Украина добиле девојче. Виолет Меј Меслин родена е овој вторник во австралиски Перт.

Нејзините родители Ентони Меслин и Мерит Норис, велат дека раѓањето на Виолет е доказ дека љубовта е посилна од омразата.

– Сè уште живееме во болка, но малата Виолет ни донесе светлина во темнината, иако знаеме дека нашите три деца се тука заедно со нас – вели Мерит додавајќи дека верува дека нивните три деца Мо, Еви и Отис заедно со нивниот дедо Ник од небото им пратиле чудесен дар, пишува Дејли мејл.

Малезискиот „боинг“ е соборен со ракета од земја на подрачјето на источна Украина во јули 2014 година. Во несреќата загинаа сите 298 патници на авионот заедно со авионскиот екипаж.

Децата на Ентони и Мерит тогаш имале по 10, 12 и 13 години, а патувале кон својот дом заедно со нивниот дедо.

Се претпоставува дека патничкиот авион е соборен од ракета „бук“, но сè уште не е јасно кој ја истрелал, Украинската војска или проруските бунтовници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -