17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

ЛУДИЛО: Алегри испровоциран од прашањата, збесна на пресот и почна да вика по новинарите (ВИДЕО)

Масимилијано Алегри во микс-зоната веднаш по крајот на дербито меѓу Јувентус и Наполи истакна дека круцијален за неговиот тим ќе биде следниот меч во кој за противник го имаат тимот на Интер, но ако тренерот на Јувентус беше доста мирен во првото обраќање, на прес-конференцијата беше брзо испровоциран од прашањата.

Новинарите побараа од Алегри да даде објаснување за очајната игра на Јуве кој не испрати шут во рамките на голот на Пепе Реина, а со оглед на тоа што тимот делуваше навистина изморено на теренот, популарниот „Макс“ во едно од своите најнервозни изданија им порача на присутните во салата зошто неговиот тим немаше силна на големото дерби.

– Не знам од каде ви доаѓа идејата дека ќе ги критикувам моите момци. Ние играме по 57 натпревари во последните четири сезони. Во овој период, секогаш стигавме во финалето во Купот, игравме двапати во финалето во Лигата на шампионите и на двапати испаѓавме примајќи гол на 30 секунди пред крајот. Останатите тимови од Италија се надвор од секаде уште во ноември, а никој не вели ништо за тоа. Кога играте толкав број на натпревари како нас, мислам дека е нормално да се почувствува заморот. Потрошивме многу физичка и ментална енергија во изминатиот период, до пред една недела игравме во Лигата на шампионите. Не сум тука за да ви ги кажувам броевите, но ние играме по 57 меча во сезона, затоа не можете да ги критикувате играчите. Ако го правите тоа, ме терате да го губам трпението кое обично го имам во вакви случаи, – им порача бесниот Алегри на новинарите.


Извор: Дерби.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -