Носителката на ИЕ 2 и директорка на УЈП, во изминатите немолку дена откако беше потврдено дека е позотивна на ковид-19 е жртва на оркестриран напад од лажни профили.
Нападите оркестрирани од ВМРО имаат за цел да ја дискредитираат Лукаревска, но и да ја прикажат како неодговорна.
Десктруктивните лаги на ДПМНЕ одат до таму што ботовите користат стара слика на Лукаревска со што сакаат да ги манипулираат граѓаните.
“Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година”, демантираше Лукаревска на својот фб профил.
Граѓански збор откри дека позади овие напади и лаги се крие лицето Горан Костовски. Тој е лицето кој користи груба лага за што може и кривично дс се одговара.
Лукаревска на својот фб профил, во интерес на вистината појасни и детали за својата ситуација.
“Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација.
Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони.
Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината”