Генералниот секретар на ВМРО НП Љупчо Балкоски во текот на денешниот ден оствари работна средба со претседателите на ОК на ВМРО НП во Берово и Пехчево. Во рамките на посетата тој оствари работна средба и со претставниците на ОО на СДСМ во Берово и Пехчево на која разговараа за подготовките за претстојната изборна кампања за парламентарните избори на 15. јули.
Балкоски уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и превенција од Ковид-19 и истакна дека коалицијата „Можеме“ ќе води здравствена безбедна кампања за претстојните парламентарни избори.
Во продолжение фотографии од работната средба во Берово.