fbpx
4 C
Skopje

Љупчо Николовски: Единствени што ја омаловажуваат македонската гордост нарекувајќи нè “северџани” и други грозни измислици, се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Носителот на листата на кандидати во Изборна единица 3 Љупчо Николовски, одвои дел од своето време во разговор со Фронтлајн во кој зборуваше  за своите изјави во јавноста, изборната кампања, пандемијата со Ковид-19, опструкциите што ги претрпе техничката влада во изминатиот период, но сподели и дел од својата лична приказна.

Неколку пати во јавноста изјавивте дека на ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лагите. На што мислите?

„Тие имаат една единствена порака. Немаат ниту програма, ниту конкретни мерки. Велат само дека сме го губеле јазикот, сме го губеле идентитетот.

А Македонскиот јазик, Македонскиот идентитет, Македонската посебност се денеска признаени од сите. Од Европската Унија, од НАТО, од целиот свет! И Грција и Бугарија, но и Германија, Франција, САД и сите останати моќни сили официјално го признаваат Македонскиот јазик и Македонскиот идентитет.

Единствени што ја омаловажуваат Македонската гордост нарекувајќи не “северџани” и други грозни измислици, се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Нека им служи на чест и нека се засрамат!“

Некаде споменавте дека ВМРО-ДПМНЕ изгуби драгоцено време за овие кратки две и пол години колку што беше на власт со СДСМ. Што требаше да направат?

„Направија доста грешки, можеа тоа време да го искористат максимално, а тие го прокоцкаа.

Една грешка е тоа што пропуштија шанса да се реформираат. Таму се уште раководи Груевски, Мицковски само му го грее столчето. Целата екипа на Груевски е непроменета и ова е истото ВМРО ДПМНЕ што го остави пред да избега.

Друга грешка е што се фејк-њуз ВМРО. Така ги викаат. Целиот пристап им е базиран на лажни вести, лажни анкети, лажни институти кои тие анкети ги прават, лажат дека ќе останеме без јазик, лажат за федерализации, лажат за се! Целта е само да го исплашат народот и да го поделат. Така им е полесно. Со програма и со вистински концепти тие не знаат за жал.

Трета грешка е што упорно одбиваат да покажат национално единство и да речат – ајде, одиме напред во НАТО и ЕУ. Да се обединиме како нација! Помило им е да манипулираат со чувствата на граѓаните за жал. Некои од помалите партии јасно и гласно кажуваат – Ќе го поништиме Преспанскиот договор. Јас со нив не се согласувам, но ги ценам зошто имаат став. ДПМНЕ немаат ама баш никаков став. Ако граѓаните сметаат дека ДПМНЕ имаат намера да го поништат Преспанскиот договор, им порачувам – дебело се лажете! Нема ни да го чепнат.

Четврта грешка им е што беа крајно неодговорни за време на оваа здравствена криза. Од Мицкоски и Чулев па надолу. Веќе навистина е срамно да се гледа како упорно кршат мерки, не почитуваат основни работи. За здравје се работи, не е играчка, умираат луѓе. Тие упорно си тераат по свое за жал и сериозно го ризикуваат здравјето на нацијата…

Има уште многу, но во интерес на време, ќе запрам тука.“

 

Кои се главните теми на учесниците во изборната трка во нашата земја според вас ?

„Животниот стандард и пред се зголемувањето на минималната плата. Тие велат дека ќе ја качуваат, а кога ние ја ставивме на дневен ред, ДПМНЕ гласаа против! Со кој образ зборуваат за поголема минимална плата. Од друга страна, ние и покрај краткиот мандат и енормните пречки кои ни ги ставаа ја зголемивме минималната плата од 9000 на 14.500 денари. А можеме уште подобро и затоа ќе одиме во следниот чист мандат до 20.000 денари минимална плата.

Реформи во правосудството е друго нешто. Ние го донесовме новиот закон за реформи во обвинителството со кој се направи првиот чекор кон конечно расчиствуање со корупцијата во судството! Од друга страна тие отворено се борат против случајот Империја и останатите случаи на нивни истакнати членови и даваат се од себе тие случаи никогаш да не го видат светлото на денот.

Понатаму сетот земјоделски мерки. Планираме 200 милиони евра годишно за земјоделците, грантови за млади земјоделци, грантови за нови претприемачи во земјоделството, бесплатно школување во струката на децата на земјоделците и 100% покриена зелена нафта, за која исто како и при предлогот за зголемувањето на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ гласаа против!

Верувам дека трета работа е напредување во ЕУ интеграциите и паметно користење на сите ново-отворени врати за нас, како што тоа го направивме со ИПАРД фондовите кои ги наследивме срозени. Бевме земја со најмалку искористени фондови, а сега сме лидери во регионот! Многу ми е драго што се изнагледав компании во оваа кампања во Истокот кои се од претприемачи кои ги увиделе можностите, се вратиле назад и низ истокот си отвориле фирми кои растат исклучително брзо и многу успешно работат.

И ете, многу ми значи мене и една четврта мерка за која се борам, а тоа недела да биде неработен ден за секого. Недела сметам дека треба да е ден за семејството.“

Дали и какви опструкции трпеше техничката влада предводена од СДСМ во борбата со корона вирусот?

„Опструкции имаше, тоа е повеќе од јасно.

Членовите на ДПМНЕ не почитуваа мерки. Не се направи она што треба кај неодговорните и не се постави ред? Какви контроли и мерки се превзедоа од страна на министерот на ВМРО Наќе Чулев? Тој имаше многу што требаше да направи, а не стори ништо. Требаше само да си ја работи својата работа. Но, одбра да го подрива системот, следејќи ги насоките на еден исклучително неодговорен политичар, Христијан Мицкоски.

Од оваа дистанца, ништо не ме чуди за однесувањето на Чулев со кое загрози илјадници граѓани. Што да очекуваме кога неговиот шеф дава крајно неодговорен, незрел и лош пример со шетање по кафани, по теретани, со организирање партиски собири без никакво почитување на мерките!

Капак на се, е и фактот што нивната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по налог на Христијан Мицкоски ги блокираше средствата од Светска банка во износ од дури 90 милиони евра! Дел од нив беа наменети за поддршка на здравствениот систем и потребите на пациентите со КОВИД-19 и социјално загрозените лица, но ете, поради инаетот и лошотилакот на ДПМНЕ, останавме без тоа.

Ако сакаме резултати, неопходен е заеднички пристап. Треба сите заедно да почитуваме мерки, а одговорните да обезбедат ред. Само така ќе се заштитиме прво себеси, нашите најблиски, но и само така ќе им помогнеме на здравствените работници кои се на првата борбена линија и им треба поддршка и помош.

А што прави ДПМНЕ? Прави се што е анти-државно!“

Зошто вие лично одлучивте да влезете во политиката ?

„За да покажам дека може поинаку. Да направам фер и чесно општество. Мене никој не ме туркал напред. Дете сум на работничко семејство. Стигнав да бидам генерален секретар на најголемата партија. Сакам таков фер однос и фер шанса за сите!

Ќе дојде тоа време, ќе видите. Време кога во двете партии ќе владее демократија и конечно ќе бираме по тоа кој е квалитетен, а не по тоа кој од која партија доаѓа. На врвот на двете партии ќе бидат работливи луѓе, домаќини. А не некои што до власт се грабаат само за да украдат и да наместат некој тендер. За тоа влегов во политиката и ќе се борам за истото до последно! Прв чекор кон тоа ни е да излеземе на 15-ти јули и да му ставиме крај на Груевизмот со тоа што ќе гласаме против ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ. Да оставиме простор таму да дојдат чесни луѓе кои немаат ништо со режимот на Груевски, ниту сакаат да го вратат назад.“

Дали навистина сте погодиле 7-ка на лото некогаш, но не сте го уплатиле ливчето?

„Да, тоа е многу интересна семејна анегдота. 1992 или 1993 година бев трето или четврто одделение. Си напишав среќни броеви и бидејки родителите беа на работа, го замолив брат ми да им ги даде бројчињата за тие да ги уплатат. Постариот обично не го слуша помалиот брат, па така беше и овој пат. Бројчињата си останаа запишани и неуплатени.

Вечерта, во детската соба, сам го гледав извлекувањето. Во втората колона ги имав погодено сите 7 броеви и викав на цел глас “Седмица, седмица”! Татко ми дотрча од дневната соба за да види што се случува и му кажав.

Утредента купив бомбони и го частев целото одделение. Можната добивка беше 82 илјади марки замислете!

Како дете, тоа го запомнив многу добро. Среќата не паѓа од небо! Треба да заработиш за да имаш. Треба да се испотиш за да заработиш. Треба да се потрудиш за да се испотиш.

Без труд нема ништо! Не ти паѓа седмица ако немаш уплатено.

Па, така и ние. За кратко време како народ направивме многу, но и многу дадовме. Многу пот, многу страв, многу жртви, многу труд. Сега кога е тоа завршено, кога сме се исправиле од чизмата на бегалецот од Будимпешта и не сме веќе згрбавени, време е да зачекориме напред. Влеговме во НАТО, влегуваме и во ЕУ. Дадовме многу труд и ни се отвори неповторлива шанса. Можеме и мораме да ја искористиме!“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...
- Advertisement -