fbpx
-4 C
Skopje

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Ljupcho Nikolovski ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми да и честитам роденден. Секогаш била весела на тој ден, но тогаш беше различна. Ја прашав што се случува и ми кажа. Кај сестра ми се појави нешто на седалната коска, циста или нешто слично. И започна голготата…

Доктор Самарџиски одлучи дека мора да направиме детални испитувања. Најлошото ни се оствари. Една во милион шанси имаше да биде тумор сместен помеѓу нерви и капилари, а кај сестра ми беше токму тоа. Една во милион е за многу убави работи, но една во милион беше и за ова. Ни се скриши срцето на сите.

Кога дознав бев во Шведска и веднаш фатив лет за Македонија. Сестра ми беше во болница поради хируршки зафат за отворената биопсија.

Ме пречекаа двете внучиња, 4 и 2 годинки. Кај е мама, кога ќе дојде мама само тоа прашуваа мили срциња… Знаеја дека нешто лошо се случува.

Светот ни се сврте наопаку во секој поглед. Др. Самарџиски отворено ни кажа дека за жал за тој вид тумор кај нас нема спас. Премногу е редок и нема кој да го отстрани. Спасот е можен ако се оди во Виена кај проф. др. Рајнер Коц. Ни кажа да почнеме да правиме планови зошто ќе кошта стотици илјади евра кои за жал ги немаме. Со наведнати глави и мрак на душата излеговме од болницата.

Вечерта се вратив во Паланка и не ме фаќаше сон. Мислев дека губам дел од мене. Буквално како гром од ведро небо ми текна да му се јавам на мојот брат, не знам како да го наречам овој човек со големо срце, Љупчо Николовски.Си реков ќе му напишам порака на фб дека имам голема мака. Му напишав ноќта на полноќ.

Уште во 6 сабајлето ми беше вратено – еве ти број брат, побарај ме.

Го побарав и му кажав се. Тој по 5 минути ми се јави и ме праша дали можам да дојдам во Скопје да се видам со него. Мислев дека сака во лице да ми каже дека треба да се збогуваме од сестра ми.

Ми кажа дека е сериозно и дека мора веднаш да се реагира во странство. Јас му кажав дека имам мајка и татко што се дома поклопени на маса и скршени од болка и мака. Јас сум сам му реков. Ќе дадам се од себе да ја спасиме сестра ми која има само 34 години и две дечиња. Тогаш Љупчо ме прегрна и ми рече не си сам ме имаш мене како брат. Ќе направиме се што можеме да ја спасиме. Оди дома крени ги главите на родителите, нека веруваат во Бог и се ќе биде во ред!

Набргу дојде и министерот Венко кој го виде наодот од биопсијата и самиот рече дека ова е само за во Виена кај др. Коц. Најдовме контакт. Контакт ни беше докторктата Софија Пејкова и нејзиниот сопруг кои резервираа термин кај др. Коц за 7 дена. Не можеше ни на сон за побрзо време од тоа.

Во рок од 5 дена со Љупчо ги собравме сите потребни документи и со сестра ми отидовме во Виена кај што операцијата траеше 8 и пол часа! Успешна!

Му се заблагодарувам на Господ Бог што ме упати кај вистинскиот човек со срце како планина и човек за кој на секој Бадник мајка ми крши лепче како на секој во нашата фамилија,и на кој на Бадник оваа година паричката се падна кај него на нашиот херој #Љупче(Божја сила и порака каков човек имаме покрај нас) Немам зборови како да му се заблагодарам на Љупчо Николовски. Благодарам и на Венко Филипче и фамилијата Пејкови кои ни помогнаа со стапувањето во контакт со Др. Рајнер Коц. Љупчо засекогаш ќе биде дел од нашата фамилија и ќе му бидеме благодарни цел живот поради тоа што го направи. Сестра ми сега живее нормално заради тоа што Љупчо е човек! #БлагодарамЉупчо

Ljupcho Nikolovski ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!На 14 февруари пред две години и се…

Gepostet von Aleksandar Atanasovski am Montag, 29. Juni 2020

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -