fbpx
4.8 C
Skopje

Љупчо Николовски: Нема препукувања во СДСМ, водиме во многу општини

АКТУЕЛНО

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски кој денеска ја посети Македонска Каменица, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека владејачката СДСМ до крајот на следната недела ќе ги објави имињата на останатите кандидати за градоначалници за во уште десеттина општини.

-Верувам дека до крајот на месецот ќе ги објавиме сите останите кандидати. Нема препукувања, туку има повеќе кандидати, но ние сакаме да ги одбереме најдобрите. Го слушаме гласот на граѓаните, правиме внатрепартиски, но и теренски истражувања.

Промовиравме 51 кандидат, остануват уште над десетина општини. Имаме во последниот круг на одлучување општини во кои СДСМ води со над 10 или 15 проценти. Во Крива Паланка водството на СДСМ над ВМРО-ДПМНЕ е 2:1.

Секој кадндидат ќе го победи кој било друг. Целта е да ги одбереме најдобрите. И во Кочани водството на СДСМ е огромно пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Струмица, во Шуто Оризари. Така е и во Македонска Каменица, посчи вицепремиерот Николовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -