4 C
Skopje

Љупчо Николовски со честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, како и за денот на рударите

АКТУЕЛНО

Вицепремиерот за корупција, одржлив развој и човечки ресурси во новата Влада и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, и наедно го честита Денот на рударите.

„Да сте живи и здрави, ви посакувам среќа и мир на денешниот голем празник, Успение на Пресвета Богородица.

Чувајте се, поддржувајте се, помагајте си еден на друг. Само со давање добро го отвораме срцето за примање добро.

Воедно, ги поздравувам и многуте мои пријатели-рудари од источниот крај. Денес е и ваш ден – денот на рударите! Едни од најпожртвуваните, храбрите и трудољубивите луѓе кои јас сум ги запознал низ нашата преубава татковина.

Нека е за многу години!“ – пишува Николовски во честитката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите...

Нови 640 случаи на Ковид-19, 2,634 тестирања се последните резултати во државата

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12...
- Advertisement -