9 C
Skopje

Љупчо Златев: Не ме поддржа само МАН, која е предводена од Ивона и Латас, на овие луѓе секогаш парите им биле поважни од било кој принцип

АКТУЕЛНО

Во изминатите две недели имав два немили настани.

Прво бев нападнат од обезбедувањето на Јордан Мијалков а завчера добив кривична од ОЈО за оддавање на службена тајна.

Добив поддршка од многу читатели, колеги, политичари и поддржувачи. Дури и претседателот на државата Стево Пендаровски ме поддржа, а ме поддржа и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

Особено ми е драга поддршката од еснафското Здружение на новинари (ЗНМ), но и од Синдикатот на новинари. Ова ми значи, ако се знае дека овие две организации ја надминаа суетата па и покрај тоа што во минатото сме имале несогласувања, сега излегоа во пресрет без никакви калкулации!

Не ме поддржа само Македонската асоцијација на новинари (МАН), која е предводена од Ивона Талевска и Драган Павловиќ – Латас.

Ова е очекувано, ако се има предвид дека медиумите на Талевска и Павловиќ се финансиеани директно од Мијалков и неговите кладилници МаксБет (видете банери) . Не можам ништо друго и да очекувам, на овие луѓе секогаш парите им биле поважни од било кој принцип.

Пуштаа соопштенија и сите како мрднати ги браневме кога затајуваа данок за гаќи, за сега да ги снема целосно. Ама еве, си знаеме сите дека таа организација е обичен фантом и ја сочинуваат само двајца луѓе и еден лаптоп.

Во овие моменти за принцип се обединија и најголемите непријатели па добив поддршка и од Геро и од Миленко, кои никако не можеш да ги ставиш во ист кош… Првиот секојдневно ме напаѓа, но му признавам дека зад принцип и тој овојпат застана!

И лево и десно се обедини за принцип, а на страна останаа само платениците

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Караџовски: До последните капки пот од нос ќе работиме

Д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција напомена дека најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност,...

Заврши најновата владина седница: Донесени се следните одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година...

Ковачев: Наместо бугарски фашистички окупатор пред споменицоте да стои бугарска администрација составена главно од Македонци

Откако министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во едно од своите телевизиски интервјуа се закани дека ќе испрати полк во Македонија кој ќе...
- Advertisement -