fbpx
6 C
Skopje

Љупчо Николовски – Како да не сум лут на ДПМНЕ кога гласаа против се она што враќа пари назад кај граѓаните

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

ПОГЛЕД: Бевте на власт две и пол години, а велите лути сте им на ВМРО-ДПМНЕ за нивното однесување во тој период. Зошто?

Зошто не сакаат единство. Зошто не сакаат парите да се вратат кај граѓаните, ги интересира само да нема судски случаи против нивните водачи и членови. Толку! Ништо друго не им е гајле.

Како да не се лутам кога гласаа против за се она што враќа пари назад кај граѓаните. Гласаа против укинување радиодифузна такса, против воведување евтина струја, против поврат на ДДВ, против национална платежна картичка, против се!

Гласаа против зголемување на минимална плата замислете! Тие сакаа да си остане минималната плата на 9.000 денари. Мизерни 9.000 денари. Кажете ми, што да направи семејство со 9.000 денари? Деца да нахрани, кровот на глава да се задржи, да се купи облека, образование, што да направи?

Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, а и тоа не е доволно! Во следниот мадант ќе оди до 20.000 денари зошто овој Македонски народ мора да го кренеме од 11-те години угнетеност под ова фејк-њуз ВМРО кое се уште е истото, нереформирано Груевистичко членство.

ПОГЛЕД: Што мислите за Игор Јанушев, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3?

Како човек не го познавам, му посакувам добро здравје, се најдобро.

Како политичар, се што сум мислел за него, сум кажувал јавно. За жал, тој е човек кој фунционирал, и тоа успешно, во врвот на едно тоталитарно уредување. Послушник на Груевски и Миле Јанакиевски. Затоа ни ништо друго не се очекува од него. Деновиве се изнаслушавме гнасотии кои тој ги правел додека бил на власт. Насилство врз жени и погрдни зборови за жените, закани, фрлање 200 илјади евра за носење на еден единствен авион од Италија само за да гласаат луѓе, гасење лифтови, страшни работи.

Освен тоа, за него има и еден куп афери како 5 милиони евра штета на буџетот за двокатните автобуси во Скопје или „Панорамското тркало“ за 18,3 милиони евра. 

Ова се сериозни грешки за така млад политичар. За негово и општо добро ќе биде неговата партија да се реформира и да се исчисти од сите остатоци на тоа автократско владеење кое не врати наназад десетици, десетици години. Ништо таму не е реформирано. Истата екипа на Груевски која само му ја грее Белата палата за големото враќање на “Пастирот”. Мора да гласаме на 15-ти јули за да не оставиме шанса за негово враќање. Тие токму тоа го сакаат.

ПОГЛЕД: Кој од домашните играл најголема улога во тоа што сте денес?

Го пишав ова пред извесно време на мојата фејсбук страна. Јас го носам името на баба ми Љубица. По неа сум крстен и на неа секогаш се присетувам со големо задоволство. Многу научив од неа и таа отсекогаш беше мој столб, голема моја поддршка. 

Секоја недела одев кај неа и знам колку тие недели ми значеа, колку таа ме научи за животот. Затоа навистина се радувам што во новиот мандат ќе овозможиме недела да биде неработен ден за секого! За да можат семејстватa да го имаат денот недела како свет семеен ден за насмевка, разговор, дружење.

ПОГЛЕД: Еден сте од ретките политичари кои велат дека имало работи кои можеле да се направат подобро, кои отворено зборуваат дека не е се розово во нивните партии и во политиката?

Тоа е вистината. Но, мора да сме свесни за една работа. Ништо не се случува преку ноќ!

Знаете јас како велам? Замислете колку само внимание, посветеност и грижа треба за секое зрно семе да роди здрав плод.  Цвеќе, овошка, зеленчук, било што… Колку само труд треба за стеблото да се врати во живот откако истото заболело.

Нашето стебло драги луѓе болуваше 11 години. Многу чекори наназад отидовме. За среќа, се потевме и работевме како најпосветените, и целиот прогрес кој го направивме, го направивме за само две и пол години. Толку беше, две и пол години.

Далеку од тоа дека направивме се! Но, сите тие успеси – повисоки плати,  поголема социјалната помош, повисоки пензии, субвенции, укината радиодифузната такса, воведена евтина струја, поврат на ДДВ, платежни картички и што уште не… 

Членки сме на НАТО, преговараме со ЕУ. Сето тоа се направи за само половина мандат!

Сега бараме чист и цел мандат. За да ги решиме другите проблеми на кои сме се нафатиле. А за мене лично, правосудството е клучно. Бидејќи имањето на систем во кој оние кои грешат одговараат за делата, решава многу работи за иднината. Време е да се фокусираме на тоа, а можеме да направиме успех и на тоа поле, докажуваме со новиот закон за обвинителство кој вусшност ни ги отвори вратите кон ЕУ. 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...

Познатиот русkи астролог Тамара Глоба тврди: За овие три знаци 2021-ва година ќе биде година на невидена среќа

Тамара Глоба е познат руски астролог, а на нејзините предвидувања им се верува, бидејќи речиси никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година овие три...
- Advertisement -