fbpx
33.8 C
Skopje

Мадона: Попрво би умрела, отколку да бидам Шерон или Витни

АКТУЕЛНО

Писмо од познатата американска пејачка Мадона кое било напишано пред 25 години до нејзиното тогашно момче неодамна го здогледа светлото на денот.

Мадона во писмото признава дека им завидува на Шерон Стоун и Витни Хјустон на нивната кариера.

Емотивното писмо од раните деведесетти, пејачката му го напишала на тогашниот дечко Џони Еносу.

-Многу е фрустрирачки да читам дека Витни Хјустон ја има музичката кариера која јас ја сакам, а Шерон Стоун филмска каква што никогаш нема да имам. Попрво би умрела, отколку да бидам на местото на овие жени кои се толку просечно, што тоа е страшно, пишува во писмото.

Сепак, Стоун и прости на Мадона за писмото.

-Ти си ми пријателка. Некогаш сакав да бидам рок ѕвезда и се чувствував просечно, како што си напишала. Те сакам, напиша актерката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -