fbpx
10.8 C
Skopje

Мајка и ја напуштила кога имала 5 години за да се премажи, сега Сара мора сама да се бори во животот

АКТУЕЛНО

Нејзе нема кој наутро да ја разбуди за на училиште, да и ги спреми алиштата, да и подготви појадок…

Од прво одделение речиси се’ прави сама. Мајка и на Сара ја оставила кога таа имала пет години. Го напуштила домот на Стојановиќи во Ослар, Бујановац и се премажила.

Па така денес Сара живее со болниот татко Срѓан и старата баба Наска во две сопчиња на една трошна, дотраена куќа на периферијата од селото.

-Во почетокот ми помагаше баба да се облечам и обујам, да приготвам појадок, а сега сето тоа го научив и сама го правам – раскажува низ насмевка.

Сеќавањето на мајка и’ речиси е избледено. Освен што на детето му се јавува 4-5 пати, досега ни динар не дала за нејзино издржување, а судот ја обврзал на месечен износ од 4.000 динари – Ме викаше таму пред зимскиот распуст, кога уште имаше снег. Ме праша што правам…и така – наизглед ладно, обидувајќи се да ги скрие емоциите, се присетува девојчето.

Срѓан го вади судското решение и прашува за совет како да ги наплати досегашните побарувања од бившата сопруга.

-Еве, гледајте: ние тројцата живееме од пензијата на мојот покоен татко која изнесува 13.000 динари месечно и 3.500 динари детски додаток – вели Срѓан, и самиот столчен од суровите услови во кои живее и го покажува последниот чек од пензијата.

Тој работел во градежна фирма, но како и и повеќето, во времето на приватизација останал без работа. Поради годините, но и поради болеста која во меѓувреме го совладала, не може да најде работа.

Вели дека има хектар „погана и посна“ земја од седма класа, на која се обидува да одгледува малку жито и пченка и да го засадува она што мора: компир, кромид, зелка, домати, пиперки… да имаат што да јадат. Понекогаш од милостињата која ја добиваат од селото купуваат сирење и млеко, но тоа е многу ретко. Сега наизменично секој ден јадат компир, зелка и грав.

Сара е ученичка во IV одделение во Основното училиште „Вук Стефановиќ Караџиќ“ во Ослар. Таа е одлична ученичка, вредна е. Кога не е во училиште, Сара го поминува времето со својата 80-годишна баба, која е толку стара што и се потребни половина час за да се симне по 20-тина скалила.

-Баба и јас се’ работиме – подготвуваме јадење, ги переме алиштата, миеме садови, чистиме, ложиме оган, ги раниме свињите… – сигурна во себе набројува Сара.

Во собата има два трошни кревети, едниот е нејзин, а вториот на татко и. Тука е и нејзината работна маса, во аголот на подот има куп алишта покриени со најлонска фолија, па некаква импровизирана полица, со нешто садови и телевизор кој им го подарил соседот.

-Кога ќе ги завршиме сите задачи, ги пишувам домашните задачи од училиште и ги учам сите лекции, а навечер со баба и тато редовно гледаме телевизија. Јас најмногу сакам да гледам цртани филмови – вели Сара.

Тука барем остана дете. Во близина нема ни другарка ни другар, па слободното време преку ден, и кога ќе успее да го пронајде, го поминува главно со своите омилени играчки – две кученца и една мачка. Сепак вели дека најдрагите моменти и се кога е покрај својата баба од која секојдневно, во недостиг на мајка, научува по некоја нова животна лекција.

Најголемата желба на Сара е бања

На десет годишна возраст таа е прва и единствена помош кога станува збор за одржување на дворот или градината зад куќата, а на прашањето што и недостига, што би сакала да има, одговара како од топ.

-Го молев тато да собереме малку пари и да направиме една бања како што имаат моите другарки. Се’ друго имам – одговара Сара, онака баш зрело.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -