Кара Брукиснка, мајка на четири деца од Арканзас, воодушеви милиони луѓе кои ја слушнале нејзината приказна. После насилни врски, два брака во кои била жртва на злоупотреба од страна на ментално болен човек, Кара одлучи дека и е потребно нешто ново и различно на неа и нејзините деца.
„Се почувствував посрамено, се чувстував загрижена дека моите деца не се ценат самите себе и дека немаат самодоверба“, вели Кара.
Кара сакаше нов почеток за неа и нејзиното семејство. За жал, немаше средства со кои може да си дозволи изградба на нова куќа, но тоа не ја спречи. Таа одлучи потполно сама да ја изгради.
Се почна во 2007 година, кога торнадо ја уништи нејзината куќа. Таа зеде 140. 000 евра кредити од банки, се наоружа со опрема и со помош на нејзините деца и фамилија, успеа да ја изгради нивната семејна куќа од соништата.
Тие поминаа низ се – од копање темели до ѕидање ѕидови.
За Кара и нејзините деца се вели дека се „непобедливи“ и дека заедно можат се!