27 C
Skopje

Македончето е експерт за се, ама буквално: Затоа сме таму каде што сме – на дното

АКТУЕЛНО

„Македонија е убава земја, во која живее прекрасен народ“. Вака би одела некоја најава во прикажување на нашата држава, но потоа се поставува едно прашање – дали навистина е така? Одговорот е многу лесен, ама ќе ве оставиме да го одговорите сами.

Во државата ништо не е сигурно, буквално ништо, освен едно – МАКЕДОНЕЦОТ е експерт за се, нема што не знаеме, во секоја сфера сме прваци и имаме мозок повеќе од Русија, САД и Кина заедно.

Деновиве актуелна е темата „Рекет“ со Катица Јанева. На социјалните мрежи може да се прочитаат еден куп коментари, анализи, која од која посочна, нормално со пцовки и клевети, што друго може да коментираме ние? Ретко каде може да се прочита навистина некоја добра содржина во коментар.

Да не зборуваме за дневно политичките препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, експертите во коментари ги „откриваат“ сите завери против едните и другите, па доаѓа до муабети дека Доналд Трамп и Владимир Путин секојпат кога се сретнат или зборуваат на телефон – имаат преговори „чија“ ќе биде Македонија, дали во некоја месна организација претседател ќе биде Трајко или Петко.

И дури на тоа се навикнавме, Македончето – експерт продолжува понатаму. Денес сме сведоци како девојка со автомобил пропаднала во (дупка) отворена шахта, својата мака, но и прашање поставува на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“: Градоначалнику на општина Кисела Вода ќе ми ја платите штетата?? Одете барем покријте ги шахтите на ул Борис Трајковски неспособни канцелариски глувци“.

Објавата не е културна, има вреѓање, веројатно пишувано во нервоза, по целата случка. Но, кога ќе ги видите коментарите, е тогаш веќе сфаќате дека Македонецот може да биде солидарен за пожарите за Нотр Дам, во Сибир и Амазонија, но никако не може да биде сложно околу себе и работите кои го опкружуваат, воедно се и негово секојдневие.

Кон самиот крај доаѓа и еден поинаков коментар: Читам коментари и не ми се верува, со каков народ го делам воздухот во МК. Утре ќе падне дете во таа шахта и после кој ќе е муабетот, каде гледало детето. Прост народ, не е државата за нигде, народот е за…

На крајот што ни преостанува, освен гласно да викнеме: Да живее ЕКСПЕРТСКА Македонија, државата во која сите се ЕКСПЕРТИ за се!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Цаца Биљановска поднела приговор за казната од 10.000 евра, денеска се појави во суд

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра...

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Тестот е со...

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во...
- Advertisement -