fbpx
6.8 C
Skopje

Македонија има ВИСТИНСКИ ПРОБЛЕМИ: Во болницата „8 Септември“ две одделенија помалку поради недостиг на медицински сестри

АКТУЕЛНО

Денес во болницата „8 Септември“ се затворени одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија, причината за сето тоа е недостигот на медицински сестри.

Директорот Сашо Стојчев информираше дека во иднина болницата ќе продолжи да работи со 75 кревети помалку, па така по 10 кревети од одделението за пулмологија ќе бидат рефрлени на гастроентерехепатологија, ендокринологија оди на кардиологија, а 10 кревети од општа и ургентна хирургија се префрлаат на дигестивна хирургија и на урологија

Веќе од утре ќе бидат затворени и четири операциони зали, па наместо со досегашните седум, болницата ќе работи со само три операциони сали.

Поради ваквиот развој ќе бидат вратени и сите закажани операции кои можат да чекаат, додека итните случаи, како и ургентинте операции ќе бидат извршени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -