fbpx
11.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ: Голем сенароден протест на 2 јуни (сабота) пред Влада (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Со организирање на еден голем народен протест кој што ќе се случи во сабота (2 јуни) во 20 часот пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака до актуелната власт дека и по помината една година доста е со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, комплетно разурната економија.

Нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, апсолутно празни политички памфлети. Една година на големи разочарувања во Република Македонија.

Од најголемата политичка партија во Македонија ги повикуваат сите добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Заев, да им се придружат да застанат рамо до рамо со нив, во офанзива, во битка за пораз на како што велат ненародната Влада која што и се случува на Република Македонија.

Заради тиранската платформа.
Заради распродажба на националните интереси.
Заради неуставниот закон за јазици.
Заради катастрофално водените преговори со Грција.

На 2 јуни во 20 часот на голем сенароден протест пред Владата на РМ!

 

Беззаконие, повик за протест

Заради нерасчистените убиства и ослободените криминалци.Заради понижената полиција, беззаконието и рекетот.Заради Диво Насеље и Смилковско.Ве повикувам на 2 јуни во 20 часот на голем сенароден протест пред Владата на РМ!#МакедонијаЌеПобеди

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, May 25, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -