8.7 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија останува без ТВ програма – Ниту една телевизија нема да се реемитува освен МТВ1 и МТВ2

Прекин на реемитувањето на речиси сите домашни и странски телевизиски канали преку македонски оператори со исклучок само на јавниот сервис МТВ1,МТВ2 и Собраниски канал, е одлука која денеска едногласно ја донесе Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори.

Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи какошто велат – на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението на информатичко-комуникациски технологии ги информирала Претседателот на РСМ, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, објави skopskoeho.mk.

-Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологии поднесе барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност, стои во соопштението на Здружението.

Текстот во целост на: skopskoeho.mk.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

(ВИДЕО) Како бе Роналдо, на таа пара – ако сакаш, ние да собереме донации?

Карантинот и самоизолацијата ги фати буквално сите, поради што многумина се одлучија фризурата да ја направат сами, односно со помош на домашните, за да...

Вработена во поликлиниката во Чаир заразена со Ковид-19, се дезинфицира целиот објект

ОБНОВЕНО: Веста се однесува за политиклиниката во Чаир. Без намера да создадеме паника кај трудниците.  Вработена во поликлиниката во Чаир е позитивна на ковид-19. Информацијата...

Еден знак е убедливо најдобриот сопруг во хороскоп

Како сопруг, Бикот ги има најдобрите особини од сите знаци на Зодијакот. Тој е нежен, добродушен и верен и никогаш нема да го занемари...

Ние сме НАТО – Од Словенија со порака: Дониравме маски и ракавици на барање на Владата на Северна Македонија

На сајтот на Министерството за Одбрана на Република Словенија е објавена донацијата која стаса кај нас вчера, истата е во вредност од 110.000 евра. На...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.