fbpx
17.8 C
Skopje

Македонија вчера го загуби Ванчо, а САД сенаторот Меккејн

АКТУЕЛНО

Амерканскиот сенатор Џон Меккејн, неконвенционален републиканец, кој беше кандидат за претседател на САД од својата партија во 2008 година и истакнат критичар на сегашниот американски претседател, почина вчера на 82 години, објави неговата Канцеларија.

Меккејн, кој повеќе од три децении е сенатор од Аризона, се побел против агресиевен тумор на мозокот, глиобластом, од јули 2017 година и во текот на минататаа година доаѓал во Сенатот. Неговото семејство во петокот објави дека лекувањето на туморот е запрено.

„Сенаторот Џони Сиднеј Меккејн Трети почина во 16.28 часот на 25 авугуст. Со него до крајот беше неговата сопруга Синди и неговото семејство. Во моментот кога почина, зад себе имаше 60 години пожртвувано служење на САД“, пишува во соопштението.

Неговите останки ќе бидат изложени во конгресот на Сојузната Држава Аризона во Феникс, а потоа во зградата на Конгресот во Вашингтон, а ќе биде испратен во вашингтонската национална катедрала и погребан во Анаполис во Мериленд.

Се очекува говори да одржат поранешните рпетседатели на САД, Барак ОБама и Џорџ Буш, и поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Според информации од семејството сегашната американска администрација ќе ја петставуваат потпретседателот Мајк Пенс, а претседателот Доналд Трамп нема да биде поканет на погребот.

Извор: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -