Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова денеска потресен се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, се заблагодари на сите за грижата и порача дека е добро.
– Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум шокиран. Денеска требаше да поминам на тој мост – напиша Нацоск, откако во ЏенОва денеска се случи страшна трагедија кога се сруши дел од автопат.
Имало автомобили и повредени на патот кога се срушил.
Службите за итни случаи се наоѓаат на местото на настанот, а се стравува дека во моментот на падот на мостот се наоѓале повеќе автомобили и дека има повредени.
Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели изјави дека станува збор за огромна трагедија, објави за „Ројтерс“.
Извор: Независен