fbpx
6.8 C
Skopje

Македонскиот почесен конзул во Барселона обвинет дека ги УБИЛ своите близнаци!

АКТУЕЛНО

Македонскиот почесен конзул во Барселона, Шпанецот Марио Сезар Деус е осомничен за убиство на своите тригодишни близнаци, поради што е уапсен во Јужна Африка, пишува шпанскиот „Ел Паис“.

Сезар Деус, кој е именуван за почесен конзул во Барселона во 2012 година е познат стоматолог во оваа област, а исто така и директор на приватна фирма.

Неофицијалните информации тврдат дека мајката ги пронашла телата на тригодишните близнаци, додека Сезар Деус со автомобил се обидел да избега, но за брзо време бил уапсен.

Тој пред судот ќе биде обвинет за убиство на своите деца, како и кражба на автомобил со кое се дал во бегство.

РЕАКЦИЈА ОД МНР

Министерството за надворешни работи реагираше брзо по објавите во шпанските медиуми, па тие веќе побарале на официјални информации, а доколку сето ова е вистина, ќе ги разгледаат опциите за одземање на неговиот статус Почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -