15.1 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вонредна одлука: Промена на полицискиот час, нема да биде од 21 часот, многу порано – за викендите ќе нема движење

Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде ограничено од 16:00 до 05:00 часот,...

Гејтс: Животот ќе се нормализира дури откако ќе има вакцина достапна за сите

Се очекува вакцината за КОВИД-19 да може да се развие до крајот на годината. Животот може да се врати во нормала само откако вакцината против...

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

Македонско-бугарска комисиска глупост

Стара е изреката дека “ако сакаш некоја работа да не се заврши, формирај комисија”. Велат дека ја изрекол Винстон Черчил, што во случајов, а и во сите други случаи е наполно ирелевантно. Важното е дека изреката е целосно точна, точна до болка.

Македонско бугарската заедничка комисија за утврдување на општите и заеднички моменти и личности од историјата, посочени како погодни за заедничко чествување, веќе една година се занимава со самата себе си. Не само што нема решенија за ништо, ами и за она што “се договориле”, се пишманат, па така, работата стои во место. Не, не само во место, работата се враќа назад, во времето на најстудените македонско/југословенско-бугарски односи од времето на диктаторите Ј. Б. Тито и Т. Живков. Наместо односите меѓу двата народа, поврзани со роднински и пријателски врски да се подобрат, стигнавме до позиција да не сакаме да се видиме, а некакви “тврди” ставови на историчарите од двете држави, да станат вистинска баханалија на взаемната непопустливост.

Идејата за таквата комисија од почетокот беше обична посткомунистичка глупост, зачинета со албионски маниер. Како може некој да се надева дека тие историчари, и од двете држави, кои напишале по еден вагон книги, добиле признанија, награди, а Бога ми и парични надоместоци, сега ќе застанат против она што го пишувале целиот свој живот, добро затскриени во заветрината на семоќната политика, на некакви ЦК-а, на институти и слични установи, наменети за образование, но најмногу за перење на памет и пари. Па повеќето од нив сме ги читале и “прочитале”. Најчесто се преобјавуваат, се цитираат себе си, се мешаат во секоја манџа за елементарен финансиски надоместок, за елементарна државна аренда.

Цели триесет години не убедуваа дека Александар бил Македонец како нас, десет години тоа беше официјалната државна и национална политика, се направија десетици паметници, за сето тоа да падне во само еден ден, со само еден потпис во Нивици. Токму Договорот од Нивици е точниот пример како треба да се решаваат сите отворени прашања меѓу државите.

Истоичарите и посебно академиците, поголемиот број молчеа и се правеа дека “не се од тука”. “Комисиски” се договорија дека Гоце е и Македонец и Бугарин, ама сега, кога видоа дека нема ништо од датумот за преговори во октомври, веднаш го “свртеа ќуркот”, па сега бараат да бил само Македонец. Демек, не сме го давале… Бугарските историчари барем во таа област беа константни во своите истапи, па така тие сега се ползуваат со повисок меѓународен рејтинг.

Никогаш, нито едно државно-правно, национално и јазично прашање не го разрешиле историчарите, или лингвистите. Тоа е работа на политичарите и тие треба да си ја преземат одговорноста за решавање на проблемот. Онака како што седнаа и потпишаа во Нивици, така треба да се седне и со бугарската страна.

Македонската нација и јазик не се творба на историчари или лингвисти. Ние сме творба на политичари и тие треба да преговараат. Долг е патот на македонизмот. Почнува од средината на 19.век со Начертанието на Гарашанин, па потоа (навистина високообразованиот филолог) Стојан Новаковиќ, па потоа Мисирков, па неизбежните акти на Коминтерната од 1934 година, за конечно на 2 август 1944 година во манастирот “Св. Прохор Пчински” со акт да се потврди некаква виртуелна државност на Македонците, но и кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Никој од сите споменати не работел како специјалист за јазик или историја, сите биле во својство на државници. Да го препрочитаме Стојан Ристески (Создавањето на македонскиот литературен јазик, Скопје 1988 г.), да ги видиме записниците од ткн. јазични комисии и ќе разбереме дека конечно, парабелумот на делегатот од Белград, сталинистичкиот писател и поет Радован Зоговиќ, ја решава ситуацијата. Тогаш, Блаже Конески бил далеку од лингвист, решавал од позиции на југословенската победничка политика. Така, политичарите-револуционери решаваат во македонскиот јазик да го нема темниот вокал, за да не личи на бугарски, ама затоа се внесуваат и некои нови букви како ќ,ѓ,љ,њ, па рака сме по близу до “браќата” од Белград. Се внесува и српската буква “ј”, која е земена од латиничното писмо и за која српските лингвисти уште од времето му велеле на Вук Караџиќ дека е “дело на Сотоната”. Не знам чие дело е, но знам дека половина Македонија, вклучително и сите мои прилепчани, не можат да ги изговорат овие букви, просто, за нив немаме фонетски израз.

Ете, така се решаваат проблемите. Мислам дека некаде научникот Макс Вајнрајт, објаснувајки им на децата што е тоа јазик, рекол дека “јазикот е дијалект кој има своја војска и флотила”…ние флота немаме…Намерно го споменувам јазикот, затоа што сите знаеме дека и тоа прашање ќе дојде на ред. Ќе се сопнеме на припадноста на Венко Марковски и одново ќе навлеземе во слепа улица.

Автор: Владимир Перев, новинар

Прочитајте ја целата колумна на порталот Трибуна ОВДЕ

Latest Posts

Вонредна одлука: Промена на полицискиот час, нема да биде од 21 часот, многу порано – за викендите ќе нема движење

Од среда на целата територија на нашата држава стапува во сила полициски час со кој движењето ќе биде ограничено од 16:00 до 05:00 часот,...

Гејтс: Животот ќе се нормализира дури откако ќе има вакцина достапна за сите

Се очекува вакцината за КОВИД-19 да може да се развие до крајот на годината. Животот може да се врати во нормала само откако вакцината против...

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

АКТУЕЛНО

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Путин не дозволува да му се прекрши зборот: Доктор заврши зад решетки поради корона вирусот

Руските власти ја уапсија претседателката на независниот синдикат на лекарите, Анастасија Василиева. Таа го критикувала малиот официјален број на заразени со корона вирусот во...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.