14 C
Skopje

Македонците може да заборават на одморот во Грција: Државата донесе нова одлука

АКТУЕЛНО

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот бифинг со новинарите, во однос на тоа дали Владата размислува да ја прошири листата со трети земји за влез во Грција.

-Во овој момент не постојат препораки за отворање за други земји . Забележуваме пораст на пандемијата, општо на планетата и во Европа, според тоа во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји. Ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече Пецас.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада објасни дека во оваа фаза во Грција постојат три области што предизвикуваат загриженост за коронавирусот.

Првата е континуираното поминување на копнените граници кон балканските земји на Грците и оние кои имаат дозвола за престој, втората се однесува на забавите во баровите и ноќните клубови, како и на прославите (свадби, крштенки), а третата област е ситуацијата во превозните средства.

За првиот случај рече дека „некои продлжуваат да влегуваат и излегуваат како да не се случува ништо“ и најави дополнителни мерки за копнените граници кон Македонија, Албанија, Бугарија и Грција, кои и онака се отворени само за грчки државјани и оние кои имаат дозвола за престој.

-Соопштувме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од утре вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен Промахонас, рече Пецас.

Конкретната мерка е веќе во сила на граничниот премин Какавиас со Албанија, а од утре ќе важи и за Евзони (со Македонија), Кристалопиги (со Албанија), Нимфеа (со Бугарија) и Кипи (со Турција).

Пецас истакна дека следната седмица е клучна за текот на пандемијата во земјата, објасни дека ќе ги преземат сите дополнителни мерки што се неопходни доколку за тоа постои препорака од експертите.

Со оглед на тоа дека во одредени делови на Грција има зголемен број случаи на Ковид-19, портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, не ја исклучи можноста за воведување локални карантини, бидејќи, како што рече „тоа е мерка што во минатото беше успешно спроведена за да се ограничи веројатноста вирусот да се прошири во општеството и доколку биде потребно повторно ќе се преземат и такви мерки“. (MИА)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -