10 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонците во странство кога ќе се вратат во Македонија: Кај нас горе не е така, тука кај вас во Македонија

Потценет во Македонија, почитуван во странство. Вака велат сите наши браќа и сестри македонци кои го напуштија родното место и заминаа на печалба во странство, со цел да обезбедат подобар живот на своите деца и семејство.

Тоа верувам дека е така. Сепак станува збор за европски држави во кои сите тие се добро платени за работата која ја вршат, имаат квалитетно здравство, образование за своите деца и сето она кое им е потребно од една нормална европска држава.

НО. Постои едно големо НО. Дајте бре немојте да го менувате вокабуларот и кога ќе се вратите овде да вртите муабети од типот: А бе знаеш братче, кај нас горе не е така, тука кај вас во Македонија е многу лошо, ние таму во Италија сме ценети од газдата, земаме пари, може се да си дозволиме.

Па таму кај што вие заработувате секојдневно, работите од утро до ноќ бе брату, не излегувате на кафиња, не излегувате по кафеани, штедите цела година за да кога ќе се вратите овде долу, покажете колку сте големи буџевани и колку тоа Вие располагате со кеш.

Во тоа ваше горе, вие имате работа со ладни луѓе, кои не знаат ниту добар ден да ви кажат, а камоли да ве поканат на салата и ракија како што умееме да си направиме на Балканот. Горе можеби има пари, но тука во Македонија, па и на Балканот имаме убави искачања, кафански и боемски живот и дружба и насмевка меѓу луѓето!

Фејсбук статус на У.В.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.