fbpx
20.8 C
Skopje

Македоцните се заразени: Колку милиони трошиме на ТВ производи од „Топ Шоп“

АКТУЕЛНО

Македонците се сиромашен народ, но и тоа малку што го имаат знаат да го потрошат „за минут“. Тие одноставно се „навлечени“ на купување производи кои се рекламираат по медиумите. Крунски доказ е „Топ Шоп“ . Компанијата што во Македонија го работи овој концепт и бренд лани имала приходи од продажба кои надминаа 11 милиони евра!!!

Скопската компанија “Студио Модерна“ застапникот на продажниот бренд „Топ Шоп“ лани остварила приходи од продажба коинадминале 11 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од скратениот биланс на успех достапни во базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ).

Лани приходите од продажбата на „Топ Шоп“ производите пораснале за 800.000 евра односно за 7,8 отсто. На продажбата на „Студио Модерна“ може да и позавидат значајни и познати домашни компании кои се занимаваат со продажба на домашни и на увозни брендови.

Сепак добивката на „Студио Модерна“ лани била околу 342.500 евра што е 3 отсто од вкупните приходи од продажба. Добивката на компанијата лани е преполовена во споредба со 2016 година кога изнесала околу 667.000 евра.

Расходите на компанијата лани пораснале за 12,2 отсто односно за 1,15 милиони евра во споредба со 2016 година. Во истиот период приходите пораснале за 800.000 евра, што значи растот на приходите произвел значајно поголеми расходи.

Компанијата „Студио Модерна“ лани вработувала 182 лица и нивниот број лани пораснал за 27 лица во споредба со 2016 година.

Главнината и резервите на компанијата на крај на 2017 година вредат нешто повеќе од 1,9 милиони евра, а обврските се помали од 400.000 евра. Интересно е тоа што компанија со главнина и резерви кои се помали од 2 милиони евра прави годишен приход што надминува 11 милиони евра.

Извор: Фактор.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -