fbpx
6.8 C
Skopje

Макрон направи мини реконструкција на Владата

АКТУЕЛНО

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска именуваше двајца нови министри во Владата.

За нов министер за животна средина Макрон го именува Франсоа де Ружи. Тој е поранешен пратеник од редовите на Зелените, а сега е член на владејачката партија на Макрон.

Поранешната пливачка Роксан Марасинеану е поставена за нов министер за спорт. Досегашниот министер за животна средина Никола Ило си поднесе оставка минатата недела , поради тоа што , како што рече не можел да спроведе ниедна од своите замисли.

По него оставка поднесе и министерката за спорт , Лора Флесел.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -