fbpx
11.8 C
Skopje

Макрон за Африканските жени

АКТУЕЛНО

Африканските жени да имаат сопствен избор за бременост и поголем пристап до образование и планирање на семејство, порача францускиот претседател Емануел Макрон. Тој истакна дека голем број африкански жени би избрале да имаат помали семејства, односно да родат помалку деца, доколку имаат поголем пристап до образование и планирање на семејство.

Макрон, кој наиде на остри критики поради неговите погледи кон Африка во минатото, нагласи дека иднината на младите луѓе на овој континент мора да биде тие да останат во ревитализирана Африка и инсистираше на тоа дека е „чиста глупост“ да им се сугерира на африканските луѓе од Њујорк што да прават со нивните животи.

„Едно од критичните прашања за демографијата на Африка е тоа дека не се работи за сакана бременост“ рекол Макрон, кој додал: „Јас секогаш кажувам: Претстави ми ја жената која одлучила, била перфектно образована, да има седум, осум или девет деца. Ве молам претставете ми ја младата девојка која одлучила да го напушти училиштето на 10 години, за да се омажи на 12“.

Според Макрон, причината за тоа е дека многу девојчиња не се соодветно образовани, некогаш, како што вели тој, бидејќи овие држави одлучуваат правата на овие девојки да не бидат исти како правата на младите момчиња.

„Тоа не е прифатливо“ порача Макрон.

Францускиот претседател истакна дека 63 отсто од не едуцираните возрасни луѓе, денеска се жени. Неговиот говор беше и силна одбрана на мултикултурализмот и повик за постојните поствоени институции да бидат радикално реформирани за да се исполнат промените на природата на економската и политичката моќ, пренесува „Гардијан“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -