fbpx
-2 C
Skopje

Максим со директни барања до Владата: Куманово да се издвои од територија од мерките на државата

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Почитувани, Денеска се одржа седницата на ОШЗС Куманово на која беа донесени следниве заклучоци:

– ЗАКЛУЧОЦИ

Од одржан триесет и втори состанок (по пат наконференвциска врска) на Општински штаб за заштита и спасување одржан на 17.04.2020 година (петок)
Денеска се одржа состанок на ОШЗС во врска со превземање на мерки и активности од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус).
На состанокот беа донесени следните мерки, препораки и заклучоци:

• Бараме од Влада на РСМ, Министерство за здраство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ Скопје да изготви целокупна листа на позитивни и негативни резултати од тестови заклучно со 17.04.2020 година 24.00ч. и написмено да го извеси ОШЗС со вкупниот број за позитивни и негативни случаи на Ковид 19 за лица на територија на Општина Куманово до посечениот датум, воедно инсистираме резултатите од тестовите да се доставуваат до ЦЈЗ куманово во рок од 24 часа а не подоцна од 48 часа од моментот на земање на брисот на лицата од страна на епидемиолошката служба и негово предавање за понатамошна анализа со цел како штаб да добиеме реална епидемиолошка слика на територија на Општина Куманово.

• Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од вторник, 21.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.
Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:

1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.

2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.

3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот.

4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.

5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.

6. Операционализирање на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.

7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси (стручен кадар) во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.

8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси (стручен кадар), како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.

9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.

10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен простор.

11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на посебни услови.

12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.

13. Во период на прогласена состојба во посебни услови, Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат хуманитарна помош, средства за одржување на хигиена и дезинфекција за граѓаните на Општина Куманово.

ОШЗС доставува предлог протоколи за движење низ градот на следниве категории граѓани.

Прва категорија – вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции и друго, предлагаме:

– Оваа категорија на граѓани вработени лица ќе се движат исклучително со предходно издадени дозволи од МИОА преку нивните организации и институции дополнително и исклучиво, согласно динамиката на предходно утврдено работно време од нивна страна во склад со предходните одлуки на ВРСМ. Доколку имаат потреба од превоз од работно место, а истите не се возачи, со оглед на фактот дека јавниот превоз е укинат, нивните оирганизации се должни да изготват список на лица и возила кои ќе ги превезуваат согласно предходно утврдена работна динамикаи истите ги доставуваат до ОШЦЗ на увид и одобрување, а ОШЦЗ во соодветна времена постапка ги достави до МВР, СВР на запознавање и понатамошна постапка.

– Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.)

Предлагаме снабдување со прехрамбени производи да се одвива на два начина и тоа, on-line набавка која ќе им биде достапна и организирана дистрибуција од страна на трговски фирми ои ќе ги опслужуваат, на располагање им се става дополнителни тимови формирани од ОШЗС и Општински Црвен крст со бесплатна достава, по нарачка од страна на граѓаните по предходно изготвени каталози со точно утврдени цени достапни до секој граѓанин.

Втор начин со слободна и контролирана лична набавка на еден член на секое семејство во јасно и прецизно дефинирано време од 07 -15 часот во текот на денот на локација на дисконти – маалски дуќани не подалеку од 200 м од адресата на живеење, со исклучок на улици каде што нема такви трговски објекти. Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки. Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до ОШЗС и по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.

– Движење на други категории на граѓани на кои работата им е поврзана со егзистенција (земјоделци, сточари, пчелари, лица со посебни потреби и нивни придружувачи и др. )
Операционализирање на постоечките мерки со јасно постапување кон потребите на овие категории на граѓани ќе се врши согласно досегашните препораки и одлуки на ВРСМ, во координација со ОШЗС Куманово.

• Се препорачува ЈП „Чистота и зеленило“ да ги реорганизира работните групи за дезинфекција и да продолжи со непрекината дезинфекција на стамбените единици и јавни површини.

– Бараме од граѓаните на општина Куманово за периодот на предстојните празници и продолжениот викенд да ги почитуваат владините мерки за ограничување на движењето.

– Членовите на штабот кои се информирани за позитивен резултат на Ковид19 како и Командантот на штабот од страна на ЦЈЗ Куманово ќе останат во самоизолација и својата штабска позиција ќе ја вршат онлајн и со помош на комуникациските врски, дополнително останатите членови на штабот ќе добијат препораки и задолженија од епидемиолошката служба за евентуална самоизолација врз база на епидемиолошките анкети кои се во тек.

Почитувани,Денеска се одржа седницата на ОШЗС Куманово на која беа донесени следниве заклучоци:- ЗАКЛУЧОЦИОд одржан…

Posted by Maksim Dimitrievski on Friday, April 17, 2020

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...

Еkс сопругата на екс директорот си го промени презимето на фејсбук и инстаграм: Еве како се презива сега

Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски...
- Advertisement -