fbpx
18.8 C
Skopje

Малиќи: Со мојот соборец и брат Павле Богоевски никогаш нема да се тепам

АКТУЕЛНО

Дел од медиумите проширија лажна вест дека во кафулето Излет дошло до тепачка меѓу активистот Малики и сегашниот пратеник Павле Богоевски што е деманатирано и од двајцата.

– Смешни лаги на „куртон“ медиумите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Јас со мојот соборец нема да се тепам никогаш, ние не протестиравме за пари и сендвичи ниту за работни места, па затоа ние се дружиме и почитуваме како браќа со Павле Богоевски и останатите од „Шарената револуција“, рече Малиќи за Фактор.

По реакцијата на Малиќи и Богоевски лажната вест за „тепачката“ беше проследена со потсмев на социјалните мрежи со коментари како „Што си го закачал брат ми“, „Ау ама тешка рака имаш, уште боли“.

 

Извор: Фактор.мк 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -