fbpx
14.8 C
Skopje

Малкумина знаат за пеколот низ кој помина ѕвездата на Гранд: „Мамо, јас не можам да одам!“

АКТУЕЛНО

Вики Миљковиќ откри детали од својот приватен живот, посебно за децата и бремноста.

„Многу сакам да родам уште едно дете. Дали момче или девојче, тоа само Господ може да одреди. За жал, последните неколку години поради работни обврски не ја исполнивме желбата, но таа се уште постои. Можеби ќе се случи по оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, изјави Вики.

Малкумина знаат за најголемата несреќа на пејачката Вики Миљковиќ од Гранд.

Имено, нивниот син Андреј имал само седум години, кога се разбудил едно утро целосно парализиран со зборовите: „Мамо, јас не можам да одам“! За родителите, ова бил најлошиот кошмар, а состојбата на нивниот син се влошувала. Следела тешка борба, која за среќа успеале да ја победат.

Тој сега има 11 години и сее во ред со него.

– „Андреј неколку дена имаше висока температура која не можевме да му ја спуштиме ниту со сирупи, капење, облоги од алкохол… Не помогна ниту еден лек, ниту оние бабините. Бевме на лекар да му се направат анализи на крвта, а потоа температурата му спадна и тоа беше прва вечер Андреј нормално да спие.

Таман кога мислев дека му поминува, утрото ме разбудија неговиот плач и повиците за помош дека не може да застане на нозе. Се пресеков. Тоа беа најстрашните моменти во мојот живот… Да не му се случи повторно никогаш и никому“ – раскажува пејачката по драмата со која се соочиле таа и нејзиното семејство.

За среќа тие денови се зад нив.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -