fbpx
21.8 C
Skopje

Манчевски во „Само Вистина“: Груевски се соочува со самиот себе и со начинот на своето владеење

АКТУЕЛНО

Не знам дали би сакал да го имам чадорот кога ќе заврши судењето за 27-ми април,не сум размислувал. Не сум задоволен од брзината со кој се одвиваат одредени судски процеси вклучително и за 27-ми април , изјави во ,, Само вистина“ потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество Дамјан Манчевски.

Во контекст на наводите од екс премиерот Груевски дека власта врши врз него политички прогон и дека ќе бил затворен пред референдумот, Манчевски изјави дека тоа е потврда дека груевски се соочува со самиот себе и со начинот на своето владеење. Во вечерашното издание на ,, Само вистина“ Манчевски говореше во одбрана на тезите на договорот со Грција и ,,За“ референдумот и зошто е добро тој да се поддржи бидејќи сега е време тоа да се направи и рече дека референдумот на 30-ти септември е со еднаква важност како референдумот од 8-ми септември. Манчевски не очекува ВМРО ДПМНЕ да повика на бојкот на референдумот ,бидејќи и тие се залагаа за референдум. Не ја исклучи можноста ако не се обезбеди двотретинско мнозинство , да се организираат предвремени парламентарни избори, но најглавниот акцент и фокус Владата сега го им а,рече Манчевски, на успех на референдумот и на процесите што следат потоа. Од делокругот на министерската позиција во секторот за информатичко општество и администрација , Манчевски ги негира сите наводи дека правеле притисок врз администрацијата за да излезат и да гласаат ,,за“ на референдумот.

Манчевски очекува законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се донесе до крајот на годинава и дека денеска пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ заеднички доставиле предлог за амандманска измена на законот со која се отстранува опасноста некоја од приватните тв да биде казнета во рокот додека не се донесе новиот закон за АВМУ.

ИЗВОР: Канал5

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -