fbpx
28.8 C
Skopje

Марадона сакаше да ме злоупотреби, понуди 500 милиони евра а потоа ме исфрли од соба НОВИНАРКА ЈА ОБВИНУВА ЛЕГЕНДАТА

АКТУЕЛНО

 

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона во Русија беше во центарот на вниманието. Како почесен гости на Купот на конфедерација со Роналдо го додели трофеот на најдобриот играч од финалето меѓу Германија – Чиле (1:0) во Санкт Петербург.

Но, тоа не е единственото нешто кое Марадона го има направено, барем според зборовите на новинарката Екатерина Надолскаје која го обвинува за сексуално малтретирање.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи новинарката со својата пријателка стои во позитивно расположение, насмеана покрај аргентинскиот фудбалер Марадона, но очигледно е дека после веселото позирање нешто тргнало во лош правец.

Отидов во собата на Марадона да направиме интервју, но тој почна да ме допира и да ми ја турка раката под фустан. Јас негодував и се противев на ваквото однесување. Кога виде дека не попуштам, проба да ме убеди со 500 м евра, а бидејќи ни тоа не му помогна, сакаше да ме избрка од соба. Сепак успеав да го повикам обезбедувањето кое ме извлече од соба“, сведочи новинарката.

Адвокатот на Марадона кратко прокоментира дека против неговиот клиент не е подигната никаква тужба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -