fbpx
14.8 C
Skopje

Матис: Ние сме подготвени да ви посакаме добредојде, референдумот е вашиот најважен глас во историјата

АКТУЕЛНО

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, денес изрази голема поддршка за политиката која што ја води македонската влада, притоа алудирајќи на соработката меѓу министерствата за одбрана преку меѓународните мировни мисии, па се до постигунување на договорот со Грција.

„САД го препознаваат вашето лидерство како важна сила на стабилност во регинот и пошироко, а вашата земја е придонесувач на мирот, преку учетсвото во мисиите во ООН, НАТО и ЕУ, насекаде во Европа и во светот. Ова ви донесе меѓународна поддршка и ви благодариме на соработката“, изјави Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Матис се осврна и на договорот со Грција, за кој што рече дека е постигнат со голема трпелива дипломатија и тешки компромиси, при што изрази голема благодарност за личното залагање на премиерот Зааев во водството на овој процес.

„Вашата земја, само што прослави годипнина од независноста, кога граѓаните во огромен број се изјаснија да живеат во слобода, како што вели и вашата химна. Сега треба да се искористи историската можност да се оди напред и да се гласа на референдумот. Ова е најважниот глас во историјата на вашата земја“, додаде Матис.

Тој тука ги цитираше изјавите на германската канцеларка Меркел и на генералниот секретар на НАТО Столтенберг за време на посетите во Скопје истакнувајќи дека ова е шанса Македонија да добие еднакво место во најуспешната воена алијанса во историјата „заедно со 29 земји кои се обрзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“, рече Матис.

„Ние сме подготвени да ви посакаме добредојде како 30 земја членка“, рече Матис и најави дека ова ќе му го пренесе и на претседателот Иванов со кого ќе се сретне попладнево.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -