fbpx
6.8 C
Skopje

Мажите кои ги почитуваат жените најчесто остануваат сами

АКТУЕЛНО

Многу се подготвени да ни изјават љубов, да ни кажат многу топли зборови и ветувања. Дали тие зборови и постапки секогаш значат љубов? За жал, не. Зборот љубов многу лесно и често се користи иако многумина не го знаат неговото вистинско значење.

Мажите не гледаат иднина во врска која не се темели на искреност. Тие сметаат дека искреноста треба да биде присутна уште од самиот почеток, без игри во кои тие понекогаш тешко се снаоѓаат и погрешно ги читаат тајните знаци. Токму затоа во многу од случаите, мажите се тие кои преку некоја постапка на жената ќе ја изгубат довербата, а со тоа и почитта. Ако тој планира нешто сериозно со вас, тоа треба да го забележите и да не ја пропуштите таа шанса.

Зошто е навистина важно да знаеме дали некој навистина не сака или не?

Ова е многу битно затоа што многу луѓе поради љубовта се подготвени да страдаат и да си наштетат на самите себе. Многу се подготвени да ви изјават љубов за да преку таквиот начин добијат нешто од вас. Тоа што некој ќе ви говори за тоа колку многу ве сака, не значи дека тоа автоматски е и вистина. Ако се земе во предвид како ние самите некогаш се поставуваме во таквите „врски“ добро би било да знаеме дали некој навистина не сака или не.

За да можеме со сигурност да кажеме дали некој не сака, мора да бидат исполнети два услови: Првиот е – почитувањето. За да некој ве сака, мора прво да ве почитува. Да се покаже почит кон тоа што вие го правите за вашиот партнер, значи тој да ја почитува секоја ситница направена за тој/таа да се почувствува подобро, сакано, односно како што велат некои, љубовта е во малите нешта, а не во материјалните нешта. Не можеме да кажеме дека некого сакаме, ако не го почитуваме. Дали вас некој ве почитува или не, најдобро ќе забележите преку неговото/нејзиното однесување спрема вас. Дали таа личност ве уважува, дали го уважува вашето мислење (па дури и да е различно во многу сегменти) дали го уважува тоа што вие имате право на свој став, емоции и слично.. Доколку таа личност, спротивно од тоа ги преминува „нормалните“ граници, ако веќе постојат такви, тогаш таа личност вас не ве почитува.

Не можам да кажам дека ја сакам својата жена/партнерка ако не и дозволувам да излегува, ако и забранувам да има свои ставови, свое друштво, интереси и слично. Но, тоа никако не значи дека правото на таа „слобода“ треба да биде злоупотребена од партнерот/партнерката на начин на кој би ја изневерил/а вашата доверба.

Учењето пак да се сакаме и почитуваме самите себе е еден од најважните ресурси за среќен и квалитетен живот. Ако ние самите не се почитуваме, тогаш никој нема да не почитува. Ако партнерот сам себе не се почитува, тогаш не може да очекува и вие да го почитувате.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -