fbpx
4 C
Skopje

MБП се огласи по нападите во врска со нивните активности и карактер!

АКТУЕЛНО

Васко Ефтов вели дека огромен дел од ВМРО ќе сакаат Влада со СДСМ, но без Мицкоски: Јас за разлика од вас не ги продавам...

После бегството на Сашо Мијалков, на Заев му е јасно дека тој работи за пад на Владата на Зоран Заев. Кога е легнат на...

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Здружение за Македонско-Бугарско пријателство по повод после нападите што беа упатени кон организација, од страна на некои медиуми, а во врска со отвореното писмо на нивниот претседател Петар Колев до Општина Штип со молба за дислоцирање на едно спомен обележје од Основното Училиште Ванчо Прќе во истиот град се огласија со соопштение:

„Во своето писмо Петар Колев, не повикува на уништување на спомен обележјето, туку на негово дислоцирање во некој музеј, бидејќи според општо прифатените европски вредности местото на комунизмот и комунистичките симболи е во историјата. Според нас е недопустливо во XXI век една осудена од целиот цивилизиран свет идеолошка матрица да се користи за одржување на стереотипи на етничка база. Токму таков е случајот и со спомен обележјето каде што стои дека Бугарите се злогласени окупатори кои измачувале и убивале. Нашата организација нема намера да држи лекции по историја, сакаме само да укажеме на тоа дека вокабуларот искористен во текстот на тоа спомен обележје се коси со сите норми на прикажување на историски настани. Јазикот на омраза кон нашата соседна и пријателска земја Бугарија карактеристичен за времето на Поранешна Југославија се гледа од авион. Според нас историјата треба да им се остави на историчарите, а не преку неа да се креираат проекции и стереотипи кон одредени етнички групи или цели нации.

Во своето писмо претседателот на нашето здружение укажува на фактот дека нема ништо против постоењето на такво обележје во спомен на загинатите од овој историски период, но во истото време подвлекува дека агресивноста на текстот не оди во прилог на европските вредности за помирување и заедничко дејствување во иднина.

Во својот одговор до претседателот на Советот на Општина Штип д-р Влатко Миташев, Колев поднесе податоци од страна на детски психолози според кои, јазикот на омраза што секојдневно е гледан од страна на деца од 6 до 14 годишна возраст, ќе остави траги во нивното сознание  и ќе доведе до креирање предрасуди, кои според нас немаат место во семејството на обединета Европа.

– Нашата организација на прво место го става европскиот развој на Македонија и напредокот на народот на Македонија. Според нашите видувања најкраткиот пат за Македонија до влез во Европската Унија и НАТО е помошта од страна на Р. Бугарија.

– Нашата организација нема за цел да биде сметана како „кружок на романитичари занесени во историјата“. Ние сме сериозни луѓе и како такви нашите активности не смеат да бидат третирани како евтини провокации или обид за убедување на некого во нешто. Секој си има глава на рамениците и секој сам одлучува во какви приказни да верува.

Би сакале да подвлечеме дека сите членови на нашето здружение се лојални граѓани на Р. Македонија. Секој еден од нас плаќа данок во таа земја и имаме право да го искажеме своето мислење во врска со било кој настан или појава, кои според нас пречат на европскиот развој на Македонија. Ако според одредени кругови, борбата за градење мостови на добрососедство, соработката во сферата на културата и напорите Македонија да се доближи што е можно поблиску до Европа и европскиот начин на размислување се лоши дела, тогаш, тоа не е наш проблем и по никаков начин нема да не натера да скршнеме од нашиот пат.

За крај би сакале да потсетиме дека поканата за тв дебата од страна на нашиот претседател Петар Колев до претседателот на Советот на општина Штип, д-р Миташев е отворена. Го повикуваме почитуваниот господин, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  да одбере телевизија и водител за да ги изложи јавно своите ставови и да се соочи со нашите позиции. Според нас само преку патот на јавната дебата различните ставови можат да стасат до широката јавност, за да може таа самата да ги направи своите заклучоци“, стои во соопштението.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ефтов: Заев и Мијалков играа нечесено еден спрема друг, едниот сакал да го апси, а другиот не сакал реално да се смени Мицкоски

Според Васко Ефтов, Мијалков глумел дека сака да го смени Христијан Мицкоски. Тој во својата најнова емисија прави своја анализа на најновите случувања во...

Васко Ефтов вели дека огромен дел од ВМРО ќе сакаат Влада со СДСМ, но без Мицкоски: Јас за разлика од вас не ги продавам...

После бегството на Сашо Мијалков, на Заев му е јасно дека тој работи за пад на Владата на Зоран Заев. Кога е легнат на...

Раздорот во ДУИ почна да го зема својот данок: Падна првата оставка

Во писмото, ексградоначалникот на Чаир вели: „Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собранието, а воедно и да дадам...

Голема тага во домот на балканската дива Карлеуша

Денеска се навршуваат две години од смртта на некогашната радио водителка Дивна Карлеуша. Нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм порфил ја објави мајчината...

Љубчо Георгиевски кажува на кој јазик пишувал Гоце Делчев

„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја....
- Advertisement -