fbpx
19.8 C
Skopje

Мега популарната Адел е Турчинка? Фолк пејач од Турција тврди дека и е татко!

АКТУЕЛНО

Фолк пејачот од турскиот град Бодрум, Мехмет Асар, тврди дека британската поп ѕвезда Адел му е ќерка.

Тој сподели со јавноста дека имал куса романса со мајката на Адел, Пени Адкинс, додека таа била на одмор во неговиот град во јули 1987 година. Адел е родена во мај 1988 година.

„Си се допаднавме и имавме двонеделна афера. Таа го продолжи одморот и се врати во Англија еден месец подоцна. Потоа дојде уште два пати во Бодрум и остануваше по цел месец“, раскажува тој.

Турскиот пејач смета дека одредени црти кај Адел потсеќаат нанего, а пак „нејзината интонација во песните изгледа, е генетичка“. Човекот ги покани двете дами нагости во турското летувалиште и истакна дека е подготвен да направи ДНК тест, за да докаже дека е во право.

Во 2015, и самата Адел во интервју посочи дека има турски корени, како и шпански, покрај англиски етничко потекло.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -