fbpx
12 C
Skopje

Менаџерот на Михаел Шумахер: Време е сите да ја дознаат вистината!

АКТУЕЛНО

Долгогодишниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер во изјава за медиумите во Германија ја објасни ситуацијата во која се наоѓа седумкратниот светски шампион во Формула 1 и неговата фамилија.

„Веќе подолго време тврдам дека фамилијата на Шумахер не ја кажува целосната вистина за Михаел. Време е фановите ширум светот да дознаат каква навистина е здравствената состојба на поранешниот број еден“, изјави Вебер.

И покрај овие обиди, фамилијата на Шумахер цврсто стои на ставот воопшто да не дава изјави во јавноста за состојбата на Михаел и дали има напредок или не.

„Попусто зборувам, како да удирам со глава во ѕид, не сакаат да го послушаат мојот совет. Често кога ми звони телефонот, се надевам од другата страна Михаел ќе ми рече: ‘Вили, како си’. Надежта последна умира“, додава Вебер.

Поминаа три години од несреќата на Михаел Шумахер, а се уште не е познато дали тој успешно се опоравува и дали воопшто некогаш тоа би можело да се случи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -